20:42 - 9 ноември, 2026

Лекар предупредува која група луѓе ќе го шири ковид-19 и во летото

Младите, невакцинирани лица го шират новиот сој на коронавирусот – Делта.

Во време на поволна епидемиолошка состојба, кога попуштаат и мерките за заштита од коронавирусот, и во време кога новите соеви на вирусот се „пред врата“, примањето на двете дози на вакцината е исклучително важно.


Опасноста демне и понатаму, а се однесува на Делта-варијантата на коронавирусот, која е многу позаразна и полесно се шири, а се чини и дека „напаѓа“ особено една категорија.

Доктор Ентони Фаучи, главниот советник за здравје во Белата куќа, изјави дека, сепак, не е готово со пандемијата. Американците имаа цел до 4 јули, 70 отсто од возрасната популација да биде вакцинирана барем со една доза, но тоа не е крајната цел, ниту е крај на натпреварот. Сѐ се продолжува и во текот и по летото, а крајната цел е комплетно да се стопира пандемијата. Се чини дека причината е токму тоа што голем број луѓе не се вакцинирани, а тоа особено се однесува на лицата на возраст од 18 до 26 години. Д-р Фаучи наведува дека сите би требало да се вакцинираат, но мора дополнително внимание да се обрне на помладата популација.

– Новата варијанта на вирусот е многу позаразна од сѐ што до денес сме виделе. Во моментот, таа е главна за инфекциите во Англија, и тоа за 90 отсто, бидејќи едноставно ги надмина сите претходни варијанти – изјавил д-р Ашиш Џа, декан на Универзитетот „Браун“. Станува збор за исклучително заразна варијанта, но добра вест е дека сите кои се вакцинирани, остануваат заштитени, бидејќи вакцините успешно делуваат и против оваа варијанта.

Но, голем е бројот на оние кои не се вакцинираа, а тука се вклучени и децата. Експертите јасно советуваат што повеќе лица да се вакцинираат за да се победи и оваа варијанта. Освен тоа што оваа варијанта е позаразна, предизвикува и потешка форма на болеста.

– Добра вест е што сите достапни вакцини, по две недели од примањето на дозата, штитат и до 88 отсто од Делта-варијантата, а 93 отсто од другите варијанти на коронавирусот – наведува д-р Фаучи.

Кога ќе обрнеме внимание на хоспитализацијата, „Фајзер“ и „АстраЗенека“ се околу 95 отсто одлична заштита од хоспитализација, додава тој. Делта-варијантата во моментот е најголема закана, но бидејќи постојат алатки за борба против неа, експертите молат истите и да ги искористиме.

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....