21.8 C
Скопје
16:17 - 16 април, 2024

Готвиме со Теа превкусни летни рецепти

Една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, Теодора Георгиевска, која стои зад профилот „Готвиме со Теа“, ни предложи три рецепти кои асоцираат на море, свежина и лето.

Чиа пудинг

За овие топли летни денови подгответе го овој освежителен појадок – чиа пудинг во комбинација со јаткасти плодови, мед и замрзнати малини и боровинки.

Потребни состојки: 3 големи лажици чиа семе, 200 мл млеко (обично, кокосово, бадемово, по избор), 30 гр сецкани бадеми, лешници и ореви,
30 гр замрзнати малини и боровинки, 1 мала лажичка мед.

Подготовка
: Во чаша ставете го млекото ладно и во него додадете го чиа семето. Убаво измешајте и оставете го преку ноќ да отстои во фрижидер. Следното утро убаво измешајте го со помош на маталка за да се одвојат залепените набабрени зрнца, а потоа додадете ги медот, сецканите лешници, бадеми и ореви и замрзнатото овошје. Уживајте во освежителниот и здрав појадок.

Мухалабија

Еден од моите омилени летни десерти е Мухалабија со пудинг од кајсија.
Повеќето сакаат да го јадат кога е ладен, но јас го сакам топол, веднаш откако ќе се подготви.

Потребни состојки за мухалебијата:
1 литар млеко, 30 грама кокос, 100 грама путер, 10 лажици гриз, 1 чаша шеќер, 1 ванилин шеќер.

Подготовка: Во еден сад растопете го путерот, додадете го гризот и мешајте околу една минута. Додадете го млекото и продолжете со мешање. Додадете го шеќерот и гответе додека да се згусне. Во добиената смеса додадете го кокосот, промешајте и гответе уште 3-4 минути. Десертот сервирајте го во чаши и оставете го да се излади. Во меѓувреме го подготвувате пудингот.

Потребни состојки за пудингот: 500 грама излупени кајсии (може да се користи и друго овошје во замена за кајсиите), 2 пудинга од ванила, 500 милилитри вода,
6 лажици шеќер.

Подготовка: Од водата одземате неколку лажици во тањирче каде што ќе ги измешате пудинзите. Ги ставате кајсиите со шеќерот и водата во тенџере на оган да се сварат. Откако ќе омекнат кајсиите, ги пасирате и ги додавате пудинзите. Готовиот пудинг го ставате во чашите врз претходно изладената мухалебија. По желба можете да украсите со кокос, мелени ореви или цимет.

Грчко гиро

Нешто што секогаш ме потсетува на Грција е грчкото гиро. Овојпат подготвив домашно гиро со цаѕики сос. Прсти да излижеш! Инаку, се разбира гиро без кромид не е гиро.

Пита лепчиња: Тестото се меси 10 минути. Се дели на 12 дела и се прават топчиња. Секое топче се расукува на набрашнета површина и се пржи на загреана тава без зејтин. Внимавајте да не ви изгорат, пржете ги на умерена температура.

Потребни состојки за гиро: (за 4 лица): 500-600 гр свинско месо (предлог свинска плешка), 2 домати, 1 црвен кромид, 1кг компири, 1 свежа краставица, кисела павлака или грчки јогурт, свеж или сув копар, маслиново масло, сол, бибер, оригано, сув босилек, буковец, рузмарин, лук во прав.

Подготовка: Месото се сецка на ленти, се зачинува и се пржи на загреано масло. Доматите и кромидот се сечат на ленти. Краставицата се ренда или ситно се сецка и се меша со павлаката, се додава и сол, лук во прав, копар и маслиново масло и убаво се меша. Компирите се сечат на ленти, се зачинуваат и се печат со малку масло на мрсна хартија. Гиро лепчињата се загреваат на тавче за палачинки. Секое од лепчињата се премачкува со цаѕики сосот, во средината се става од месото, малку кромид, малку домат, компири, кечап, сенф и се замотува во гиро. На здравје и уживајте во летото!

Слични објави

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ се посвети на верата и црквата: Го „отследи“ татка си на Инстаграм

еспресо

„Ми подметнаа филм за возрасни“: Ава Карабатиќ среде скандал пред изборите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ доживеала несреќа: Покажа страшни повреди и крвави рани на лицето

Еспресо

(Видео) Брејк отиде во народњаци, отвора радио „Естрада“: Ќе се занимава со народна музика

еспресо

(Фото) Урнебесен оглас закачен на бандери: Харис Џиновиќ бара жена, можеби ќе има среќа

еспресо

Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Ова е нејзината листа на желби од организаторите

еспресо
Се вчитува....