14:05 - 9 ноември, 2026

КАФЕ ПРЕД ВЕЖБАЊЕ: Новото истражување објаснува зошто е корисно и во која количина

Филџан кафе пред тренинг значително ќе ви го олесни вежбањето, според резултатите на новото истражување објавено во Journal of Applied Physiology.

Истражувачите вклучиле група на луѓе кои практикуваат фитнес и дојода до сознанието дека оние кои испиле филџан кафе до 90 минути пред тренинг постигнуваат подобри резултати на тренингот и полесно вежбаат од оние кои не испиле кафе.

Додека биле под влијание на кофеинот испитаниците рекле дека тренингот им е многу полесен отколку во другиот случај.

Но има уште нешто. На истражувачите им било интересно да следат и како кофеинот влијае на нивните прехранбени навики подоцна во текот на денот, односно после тренингот.

Оние кои пред тренинг испиле кафе подоцна на појадокот/ручекот или вечерата конзумирале помалку храна од другите кои не испиле кафе. Поточно, кофеинот ќе ви го направи тренингот полесен и ќе ве спречи од прејадување после тренингот.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....