12.8 C
Скопје
21:06 - 19 октомври, 2026

КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ НАЈМОЌНИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА -22.02.2022: Ви носиме моќни совети од астролози и нумеролози!

Денеска не е ден како сите други што се однесува барем до нумеролошката симболика и астрологијата. 22.02.2022.

Но, зошто овој ден е толку посебен?

Станува збор за палиндром (палиндром е збор, фраза или број, кој може да биде прочитан и напишан на истиот начин во двете насоки – од лево кон десно, и обратно).

Имено датумот 22.02.2022 година претставува датум за одбележување, според ентузијастите за астрологија и нумерологија, најмоќниот датум во годината, бидејќи бројот 2 се повторува, што е значајна симболика во традицијата на Маите. Според Маите, бројот 2 ја посочува двојноста и споредбеноста.

Счично мислеле и Питагорејците, кои го сметале за женски број. Односно, во принцип, овој број ги отелотворува спротивностите: машкото и женското, денот и ноќта итн.

Во текот на овој век ќе се сретнеме со уште 22 датуми  таканаречени палиндроми, односно со 31 во следните 100 години. А потоа, за повторно да се сретнеме со нов палиндромски датум, ќе треба да го почекаме новиот милениум, или 10/03/3001 година!

Како најдобро да го искористите овој ден?

Бројот 2 симболизира хармонија, љубов, интуиција и создавање на корисни односи.

Денот е добар за сите активности кои ја зајакнуваат љубовта кон партнерот. Ако можете, вклучете се во активности кои се продуктивни за вашата врска.

Многу е веројатно дека денес ќе имаме поголема емпатија, но и чувствителност.

Можеби ќе имаме потреба да направиме одредени промени во врската, да излеземе од рутината во која сме западнале.

Денот е многу поволен за изнаоѓање решенија за проблемите во врската.

Ако сте слободни, поминете го денот грижејќи се за себе – правете нешто што прави да се чувствувате убаво во вашата кожа, без разлика дали е тоа јога, медитација, пешачење, масажа…

Сакајте се себеси, бидете присутни во мигот, уживајте во вашето друштво.

Искажете ги вашите чувства кон партнерот и кон оние кои ги сакате.

За оние кои се „сингл“, денес, 22 февруари, може да биде совршен ден за прв состанок зашто токму денес може да откриете каков потенцијален партнер ви е потребен во вашиот живот.

Астрологијата и нумерологијата понатаму велат дека децата родени на ваков ден ќе бидат многу влијателни, ќе бидат лидери, организатори и одлични творци на добрата иднина за општествата.

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....