11.8 C
Скопје
09:51 - 26 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 22.ФЕВРУАРИ: Љубов за Овните, разочарување за Скорпиите, одлични вести за Јарците…

дневен хороскоп

ОВЕН

Љубовта денес ќе ви оди од рака. Ќе се релаксирате во попладневните часови, а тоа ќе ви донесе и помирен однос со саканата личност од спротивниот пол. На работа пак, сè што ќе работите, ќе морате да го образложите и ќе успеете во тоа. Доброто расположение ќе ве следи во текот на целиот ден.

БИК

Овој ден ќе ви донесе прилики за запознавање на нова личност, со која брзо ќе посакате да поминувате повеќе време. На работа вашите замисли добро поминуваат кај претпоставените. Сепак, во однос на здравјето, поработете на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Ќе посакате повеќе слобода, но ќе сфатите дека ви недостига личноста за која подолго време сте заинтересирани. Конечно ќе завршите една обврска која подолго време ви тежеше. Бидете поодговорни кон своето здравје.

РАК

Фантазирате за искрена љубовна приказна, но немате доволно храброст да ја започнете. Обрнете внимание на работното место, зашто – знаете и сами – можете и подобро од ова, сепак ѕвездите советуваат да почекате само уште малку до вистинскиот момент. Зачувајте го добротот расположение, не дозволувајте никој да ве турка надолу.

ЛАВ

Вашата елоквенција, шарм и самодоверба ќе ви донесат многу љубовни поени кај личноста која е заинтересирана за вас. Бидете побрзи и попрецизни во носењето нови одлуки во канцеларија. Од здравствена страна пак, внимавајте на дишните патишта.

ДЕВИЦА

Ќе играте на картата на љубезноста и умилкувањето, но нема да постигнете голем успех, бидејќи љубовта доаѓа од срцето. На работното мето обидете се повеќе да соработувате со колегите. Наспијте се добро – ве советуваат ѕвездите од здравствен аспект.

ВАГА

Не се двоумите во врска со своите чувства. Бидете јасни и директни. И денес, како и во изминатиот период, работата ќе ви оди од рака, а ќе имате поддршка и од претпоставените. Од здравствена страна, внимавајте на кожата.

СКОРПИЈА

Денеска сакате што повеќе време да поминувате сами и тоа треба јасно да го кажете на партнерот. Објаснете зошто сте разочарани. На работното место, попаметно ви е да не оставате работа за утре. Од здравствена страна, ѕвездите ве советуваат да се посветете на спиритуалниот дел од себе.

СТРЕЛЕЦ

Добро ќе се забавувате и сакате да доминирате во друштво. Тоа ќе му оди на нерви на партнерот. На работното место – потрудете се повеќе, за да може да испливате од хаосот. Разбистрете го умот.

ЈАРЕЦ

Ќе бидете посентиментални од вообичаено, а на саканата личност тоа ќе ѝ се допаѓа. Работата пак, ви оди лесно како танц. Очекувајте одлични вести! Од здравствен аспект ќе се чувствувате добро и физички и ментално.

ВОДОЛИЈА

Имате свој став, и тоа е одлично! Но не заборавајте дека не сте сами во врската. Соочете се со саканата личност, поразговарајте, сослушајте ги неговите потреби. Во канцеларија пак, бидете поотворени за соработка. Од здравствена страна внимавајте на дигестивниот систем.

РИБИ

Ви претстои пријатно дружење, но се чувствувате празно однатре. Прашајте се зошто е тоа така. На работното место, барем за сега, нема да наидете на разбирање за вашите идеи, па чувајте ги за подобро време. Внимавајте на зглобовите.

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....