14:22 - 4 ноември, 2026

ОТВОРЕНО СО ЕВА НЕДИНКОВСКА, наместо самохрана-самохрабра мајка: Трчањето е како метафора за животот, еден живот еден маратон 

Како исклучително талентирана пејачка на македонската естрада се појави на свои 16-17 години. Охриѓанката Ева Нединковска сега е успешна жена претприемач, мајка на малата Ена. Место самохрана, себеси сака да се нарече самохрабра мајка. Од сите трки кои ги водела во животот, Ева днес трча на вистинската патека.

Од сите трки кои ги водела во животот, Ева днес трча на вистинската патека. фото-приватна архива

– Веќе 7 месеци трчам, тренирам на кеј на Вардар, а најчестото прашање кое ми го поставуваа беше зошто го одбра трчањето, да не се откажа од работата….Не се откажав од ништо, работам исто, веќе 11 години го развивам Центарот за обука Ева. Но пробав последниве години, после почетокот на пандемијата, да се избалансирам, работев и по 14 часа дневно и сето тоа доведе до едно прегорување на организмот. Ми требаше повторно да се вратам кон себе, барав некаква активност во природа и сосема случајно го одбрав трчањето. – раскажува Ева.

Во период на пандемијата Ева решила да почне со физичка активност која нема да и одземе многу од времето за мигови со нејзината ќеркичка, но нема да и пречи и во работните обврски.

– Чувствувам огромни промени и мислам дека го најдов тоа што ми треба. трчањето не е само да се одржува физичката кондиција, туку да се подигнете на повиско духовно и ментално ниво. Јас сум издржлива личност, но ми требаше предизвик за да ја докажам таа издржливост и да се потсетам што се можам.

Ева барала некоја активност каде ќе биде почетник, се ослучила за трчањето и сега е член на Nike школата за трчање.

– На почетокот ги гледав членовите во мојата група како и со поголема тежина трчаат со леснотија, а јас неможев неколку километри да истрчам нез да застанам и да се одморам. Но ми требаше ова, после се чувствувам многу поенергична да ги завршам и останатите обврски, отколку да легнам и да одморам еден час. – вели Ева.

Трчањето е како метафора за животот, еден живот еден маратон. На моменти имаме сила, на моменти губиме се, паѓаме, но повторно стануваме и продолжуваме понатаму.

Научив дека работите некогаш не се онака како што јас ги сакам, да бидат совршени, заради работата сакав денот да трае не 24 туку 48 часа. Фото-приватна архива

– Трчањето ми е како тренинг за животот, пред се ментален тренинг, а потоа и физички тренинг. Иако порано велев дека треба да се фатиш за една задача и да ја сработиш, сега велам дека потребни се паузи, за себе и за телото и организмот. Она што го учам на патеката го преведувам во животот. Научив дека работите некогаш не се онака како што јас ги сакам, да бидат совршени, заради работата сакав денот да трае не 24 туку 48 часа. Треба да се пресмета време за состанок со себе, за размислување, за свртување кон природата и кон себе.- раскажува Ева.

Ева вели дека би била среќна ако нејзината приказна биде поттик и инспирација на сите затоа и постојано споделува и пишува постови на својата фејсбук страна.

– Уште од некои 17 години живеам самостојно, паралелно додека студирав работев за да си го платам престојот во Скопје, градев и музичка кариера. Нучив се сама. Работев за да успеам. Затоа некако овие години со пандемијата ми дојдоа како одмор. Но сега научив дека се може и со помалку, да сум многу поблагодарна со она што го имам – завршува Ева.

 

Слични објави

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.
Се вчитува....