7.8 C
Скопје
23:45 - 26 април, 2024

ДИЕТА СО ТИКВА: Најслаткото слабеење е резервирано за есента

Нутритивните вредности на тиквата се добро познати, оваа кралица меѓу есенскиот зеленчук е богата со бета-каротин, одличен антиоксиданс е, го зајакнува имунолошкиот систем, а содржи само 35 калории во сто грама што ја прави идеална за секоја диета.

Со оваа есенска диета нема да почувствувате глад зашто тиквата содржи малку калории, а дава чувство на ситост.

Со оглед на тоа дека тиквата ја регулира и количината на вода во организмот, како природен диуретик, помага во процесот на слабеење.

Диетата со тиква држете ја една седмица до десет дена, а со пауза од најмалку една недела можете да ја повторите во зависност од тоа колку килограми сакате да отстраните.

За една седмица до десет дена со оваа диета ќе загубите 3-4 килограми. И што е најважно, ручекот во оваа диета е толку забавен што секојдневно ќе можете да дегустирате нови специјалитети од тиква.

Појадокот и вечерата се исти за секој ден од неделата – шејк од тиква

Како се подготвува?

Излупете ја тиквата (помала тиква или половина од поголема тиква), потоа исечкајте ја на коцки и заедно со 1 лажица кафеав шеќер/или засладувач и 1 морков сварете ја во 1 литар вода. Кога тиквата ќе биде мека, тргнете ја од оганот и почекајте да се излади. Изладена испасирајте ја во каша, заедно со морковот. Додадете сок од 1 исцеден лимон и вода по желба, во зависност од тоа дали сакате погуст или потечен шејк, и повторно добро измешајте.

Количината која ќе ја добиете поделете ја на два дела. Чувајте ја во фрижидер. Таа е вашиот дневен појадок и вечера.

Ручекот се состои од специјалитети со тиква

Големата гастрономска забава се случува токму за време на ручекот. Оваа диета ви дозволува голема кративност и обиди за експериментирање. Главна намирница во ручекот е тиквата, 300-400 грама, варена или пак печена. А дозволени намирници за експериментирање во креирање на специјалитети со тиква се – оризот (100 грама), пршутот (50 грама), пармезанот (30 грама), лосос (150 грама), варен спанаќ (100 грама), печурки (100 грама), варена боранија или бамија (200 грама), цимет, 1 лажица маслинов зејтин, рокула, магдонос, лук, кромид, мед (1 лажица).

Се разбира, сите овие намирници не е дозволено заедно да ги искомбинирате во еден ручек, туку да правите различни комбинации од нив, по избор.

И да не заборавиме – компирите заменете ги со компирчиња направени од тиква! Превкусни се!

pixabay
Еве неколку примери и идеи за ручек (одберете само еден во дневното мени за ручек):

Салата од тиква

200-300 грама варена тиква, излупена, исечкате на ја коцки и додадете ја во 100 грама варен ориз. Додадете исечкан магдонос по желба, 1 лажица маслинов зејтин и изрендајте 30 грама пармезан.

Пршут и тиква

Познат е рецептот на специјалитетот диња и пршут. Но пршутот одлично се „бакнува“ и со тиквата. За да го подготвите овој ручек потребно е: 200-300 грама печена тиква исечкана на кришки. 50 грама пршут (тенките „листови“ пршут обвиткајте ги околу секоја кришка тиква), а потоа секоја кришка наросете ја со пармезан (вкупно 30 грама пармезан). По желба додадете рокула (рока).

Тиква со лосос

200 грама печена тиква исечкајте ја на коцки, додадете парче печено во рерна лосос (150 грама) и 100 грама варен спанаќ со 1 лажица маслиново масло.

Тиква со печурки

200 грама печена тиква, 100 грама печурки, 30 грама изрендан пармезан и магдонос.

Слатка тиква

200 грама печена тиква наросена со цимет и малку мед.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....