12:48 - 7 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ ЗГОТВИ БРЗА ПЛАЗМА ТОРТА: Понеделнички, за слатко да ни тргне неделата!

Еспресо.мк започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

приватна архива

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на Инстаграм профилот (martinascookingg) .

Готви од мала, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни носи превкусен рецепт за Плазма торта.

– Одлична и најбрза торта која може да ја направите за не цели 10 минути. Вкусна, сочна и без печење. Одличен спој на мелена плазма, ресани и овошен јогурт со чоколаден дел, ни објаснува Мартина. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

ПОДГОТОВКА

Изматете ја хоплата и додајте го овошниот јогурт, исецканите ресани и мелената плазма. Смесата префрлете ја во плехче бр. 26/28. За чоколадниот дел ставете ги неизматената хопла и чоколадото искршено на парчиња во сад на оган или пареа.

Мешајте дури не се растопи чоколадото и префрлете го веднаш чоколадниот дел врз подлогата. Оставете најмалку еден час во фрижидер, па може да послужите.

Послужете ја во комбинација со малку слатко од јаготки и мини плазмички, за целосно топење во уста!, додава Мартина. Парче торта и шолја од омиленото кафенце или чај за убав почеток на неделата!

До следен рецепт и следно читкање, добар апетит!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....