10:38 - 9 ноември, 2026

АКО ИМАТЕ ОМИКРОН НИКАКО НЕ ЈАДЕТЕ ГИ ОВИЕ НАМИРНИЦИ: Само дополнително ќе го иритирате грлото

Листата на намирници што треба да ги јадете доколку имате омикрон веќе циркулира низ медиумите, но знаете ли што никако не смеете да конзумирате доколку сте заболени од вирусот?

Доктор Роберт Лахит од институтот за автоимуни и реуматски болести при клиниката Saint Joseph Health и автор на книгата „Силен имунитет“ открива кои намирници се пожелни за полесно да го поминете заболувањето со омикрон, а кои не смее да се конзумираат.

На листата на пожелните, препорачливи и добредојдени се – јогурт, сладолед (доколку немате дијабет), напивки со електролити, потоа зеленчукот – брокула, кељ, зелка, карфиол, аспарагус и паста со сос болоњезе (бидејќи ќе ви даде ситост).

А еве што да избегнувате:

ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ

Иако може да изгледа како добар избор, конзумирањето на сок од портокал или сок од друго цитрусно овошје, треба да се избегнуваат зашто „киселите намирници, па така и цитрусното овошје се многу тешки за голтање. Ако имате омикрон варијанта, ќе имате и голема болка во грлото, па тешко ќе ги проголтате ваквите намирници кои само дополнително ќе ви го иритираат грлото“, заклучува овој стручњак за списанието специјализирано за исхрана „Ит дис“.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....