17.8 C
Скопје
12:39 - 13 март, 2026

19 НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ НА ОМИКРОН: Разлика и сличност во симптомите меѓу варијантите Делта и Омикрон

омикрон симптоми коона

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон ги споредија податоците од времето кога Декта беше главната варијанта во октомври со извештаите во декември кога Омикрон почна да доминира. Нивната анализа не открила разлика во симптомите помеѓу Делта и Омикрон, пренесува „DailyRecords“.

Главните пет симптоми за два соја се: течење на носот, главоболка, замор, кивање и болки во грлото. Сепак, некои симптоми се само позастапени кај инфекциите со Омикрон. Тим Спектор рече дека откриле „јасни разлики“ во симптомите на новата варијанта.

Професорот Спектор заклучи: „Конечно, без оглед на владините упатства, без разлика дали имате Ковид или не, најдобро е да останете дома ако се чувствувате болни со чудни или симптоми слични на настинка и да избегнувате контакти и да носите маска ако излезете надвор, за да избегнете ширење на вашите бактерии на други кои можеби се поранливи“.

ДАЛИ Е ОПРАВДАНО СКРАТУВАЊЕТО НА КАРАНТИНОТ? Докторите велат НЕ, Омикрон е најзаразен ОВИЕ денови!

Ова се најчестите симптоми:

  • Течење на носот
  • Главоболка
  • Замор
  • Кивавица
  • Воспалено грло
  • Постојана кашлица
  • Рапав глас
  • Трескање или морници
  • Температура
  • Вртоглавица, заматеност
  • Мозочна магла
  • Променет мирис
  • Болка во очите
  • Невообичаени болки во мускулите
  • Прескокнати оброци
  • Губење на мирис
  • Болка во градите
  • Отечени жлезди
  • Нерасположение

ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ОМИКРОН Е ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД ПАНДЕМИЈАТА: Фаучи не е толку сигурен дека се ближи крај на пандемијата

Слични објави

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо
Се вчитува....