03:02 - 5 ноември, 2026

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Австралиската супермоделка Ел Макферсон повторно докажа зошто со децении го носи статусот на модна икона. Наместо класична прослава, својот 62. роденден го одбележа со фотосесија што веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Легендарната манекенка, позната како „Телото“, позираше во елегантен зелен комплет од тантела, со речиси неприметлива шминка, оставајќи природната убавина да дојде во преден план. Со ова уште еднаш потврди дека годините за неа се само број.

Нејзиното појавување е дел од нова кампања на австралиски бренд, во која таа носи модел во свежа зелена нијанса, инспирирана од природата. Со опуштен стајлинг и препознатливи кадрици, Макферсон изгледа како да штотуку излегла од летна разгледница.

Фото: Инстаграм

Иако последните години е повеќе посветена на својот велнес-бизнис, Макферсон не ја напушти целосно модната сцена. Во 2024 година се врати на пистата по пауза од 14 години, предизвикувајќи воодушевување кај модната публика.

Таа повторно дефилираше на моден настан во Мелбурн, а нејзиното враќање беше едно од најкоментираните во индустријата. Пред тоа, последен пат се појави на писта во 2010 година, кога носеше креации за Луј Витон.

Покрај успешната кариера, Макферсон е и мајка на два сина, Флин и Аурелиус, а нејзиното име и денес се смета за синоним за безвременска убавина и стил.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....