9.8 C
Скопје
23:41 - 19 октомври, 2026

Зошто Петар Грашо и Џибони секогаш носат очила за сонце

Каде и да настапуваат – од големи сали до интимни клупски свирки, без разлика дали ноќе или преку ден, Петар Грашо и Златан Стипишиќ Џибони ретко се појавуваат без очила за сонце, дури и во доцните вечерни часови. Тој детаљ стана дел од нивниот имиџ, но дали некогаш сте се запрашале зошто постојано ги носат?

Петар Грашо еднаш објасни зошто никогаш не ги вади. Станува збор за очила за вид, поточно фотосензитивни леќи кои автоматски се прилагодуваат на временските услови.

Тие се наменети за оние кои не сакаат да носат одделно очила за сонце и диоптерски очила. Овие леќи ги блокираат УВ зраците и можат значително да се затемнат на отворено, до 80 проценти, обезбедувајќи заштита од отсјајот на сонцето, а воедно одржувајќи оптимална рамнотежа помеѓу јасноста на видот и количината на затемнување.

И причината поради која Џибони носи очила со затемнети леќи е поврзана со здравјето. Познатиот музичар бил опериран во офталмолошката болница во Загреб.

-Ме оперираа двапати и ме поврзаа на инфузија, две шишиња по 45 минути. И реков, „Како ќе запалам цигара, како ќе издржам?“. Но, потоа убаво ме донесоа во една канцеларија, која веднаш ја нареков „зад сцената“, а во „зад сцената“ ми организираа кафе, пепелник и инфузија. Ова се идеални услови во светската медицина за некој од мој профил“, изјави тој претходно за „Јутарњи лист“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....