17:43 - 31 март, 2026

ЗЕЛЕНСКИ разговарал со ПАПАТА: Неговата Светост е „најочекуваниот гостин во Украина“

Главниот амбасадор на Украина во Светата столица Андриј Јураш утринава на Твитер откри дека папата утрово му се јавил на украинскиот претседател Володомир Зеленски. Папата рекол дека „се моли и прави се што е можно војната да заврши“. Зеленски одговори дека Неговата Светост „е најочекуваниот гостин во Украина“.

Набргу потоа на истата социјална мрежа се огласи и самиот Зеленски, кој рече дека му ја објаснил на папата „тешката хуманитарна криза и блокадата на спасувачките од руските сили“. „Би била добредојдена посредничката улога на Светата столица во ставањето крај на човечкото страдање“, додаде Зеленски, пишувајќи во заклучок дека „му се заблагодарува на Неговата Светост за молитвите за мир за Украина“. Зеленски му рекол на папата Францис дека „нашиот народ стана војска“.

Од прес-службата на Светата столица, прашани од новинарите, само потврдиле дека состанокот се одржал, но нема дополнителни информации за неговата содржина.

 

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....