17:10 - 27 ноември, 2026

Зеленски: „Битката за Донбас е една од најбруталните во и за Европа“; „Страшно е!“

„Битката за регионот Донбас ќе влезе во историјата како една од најбруталните борби во Европа и за Европа“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изјави ова по признанието дека киевските трупи биле потиснати од центарот на Северодонецк, кој заедно со Лисичанск во моментов останува единственото упориште на Украина во регионот Луганск, во Донбас.

Според агенцијата Аднкронос, владините претставници рекле дека трите клучни мостови што го поврзуваат Северодонецк со Лисичанск сега се непроодни за возила, што значи дека влезните правци за снабдување и излезните за евакуации низ тие рути се невозможни.

Зеленски рече дека Украинците се соочуваат со „значајна предност на Русите во количината на опрема и, особено, во артилериските системи. Цената на оваа битка е многу висока за нас. Страшно е. И секојдневно го привлекуваме вниманието на нашите партнери на фактот дека само доволно модерна артилерија за Украина ќе ја гарантира нашата предност и, на крајот, ќе стави крај на руската тортура врз украинскиот Донбас“.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....