16.8 C
Скопје
13:38 - 18 октомври, 2026

Твитерџиите ја обвинуваат Ким Кардашијан дека го уништила култниот фустан на Мерилин Монро

Најсексипилната глумица на сите времиња по повод 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди во њујоршкиот „Сквер Гарден“, на својствен начин му го честитала роденденот на славеникот. Нејзиниот настап кој траел само една минута го пренесувала телевизијата и предизвикал големи реакции. Очевидците тврдат дека Џон Кенеди и Мерилин Монро веднаш почнале да флертуваат, а на крајот од вечерта Кенеди ѝ го побарал бројот. Следниот ден ѝ се јавил и ѝ предложил патување во Палм Спрингс давајќи ѝ до знаење дека Џеки нема да биде таму.  Мерилин ја отпеала ‘Happy Birthday, Mr. President’ на сензуален начин со сексипилен глас, лесно воздивнувајќи, облечена токму во преубавиот фустан кој Ким Кардашијан го носеше годинава на Мет гала.

Сега твитерџиите и другите корисници на социјалните мрежи ја обвинуваат Ким Кардашијан дека го уништила култниот фустан на Мерлин Монро што го носеше оваа година на Мет Гала.

Твитерџиите објавија фотографија пред и по носењето на фустанот и откако ја забележале штетата, заклучија дека на фустанот сега се гледаат траги од кинење, а неколку кристали или недостасуваат или висат на него.

Имаше и такви на кои не им беше јасно зошто луѓето толку се преокупираат поради обичен фустан.

– Сите се преправаат дека се лути,а до неодамна не знаеја дека фустанот постои – пишуваше во коментарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....