17.8 C
Скопје
15:47 - 18 октомври, 2026

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја најдоа својата нова оаза на мирот: Со децата се селат од Лондон

кралско семејство

Како што беше најавено, војводите од Кембриџ ова лето ќе се преселат во нов дом со нивните три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Британските медиуми пишуваат дека се е подготвено за преселување на кралското семејство од Кенсингтонската палата во нов дом надвор од Лондон. Принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт Мидлтон и трите деца ќе се преселат во нов дом во Виндзор.

Станува збор за пространа куќа со четири соби со голема градина, поточно Adelaide Cottage во Беркшир. Причината за овој потег е да се задржи целото семејство што е можно поблиску до 96-годишната кралица Елизабета Втора, која одлучи трајно да ја замени Бакингемската палата со нејзиниот замок Виндзор.

Имотот од 1831 година е реновиран и се наоѓа на неколку минутио одење од капелата St. George, а целиот имот се простира на повеќе од 2000 квадратни метри.

„На кралицата и требаат повеќе луѓе како Вилијам околу неа. Многу често таа е сама со персоналот, па ќе биде воодушевена што Вилијам, Кејт и нејзините правнуци ќе бидат оддалечени само десетина минути од неа. Меѓу другото, петчленото семејство било ограничено околу надворешните активности во Кенсингтон“, тврдат добро упатени извори.

Наесен, осумгодишниот принц Џорџ и седумгодишната принцеза Шарлот ќе се упатат во ново локално училиште.

– Кејт и Вилијам беа многу желни за скромен дом и се многу среќни што ќе го започнат својот нов живот во Виндзор. Колибата Аделаида им одговара бидејќи е куќа со четири спални, а повеќе не им е потребно, бидејќи немаат постојан персонал на располагање – велат изворите.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....