8.8 C
Скопје
23:57 - 19 октомври, 2026

Захарова: Бараме од Србија став за испорака на оружје за Украина

Москва бара од Белград да ги открие сите факти.

Москва побара од Белград официјален став за информацијата дека од Србија и е доставено оружје на Украина, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова.

„Веќе побаравме од Белград да даде изјава. Ваквите изјави не треба да се даваат преку медиумите, ниту преку Телеграм, ниту преку протекување информации, туку преку официјалната комуникација на ставот на српската страна“, изјави Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Таа додаде дека мора да се откријат фактите и врз нив да се извлечат соодветни заклучоци, бидејќи тоа е „исклучително важна тема за билатералните односи“.

Захарова претходно денеска изјави дека Москва е длабоко загрижена поради наводите за вмешаност на Србија во продажбата на оружје на Украина.

„Внимателно ја следиме оваа приказна. Обрнавме внимание на неодамнешната дискусија на оваа тема во српскиот парламент. Информациите што кружат, се разбира, предизвикуваат наша најдлабока загриженост“, изјави Захарова во коментарот објавен на веб-страницата на Министерството.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....