12:08 - 29 ноември, 2026

(Видео) Ѕирнете во луксузниот комплекс во кој Здравко Чолиќ купил стан: 100 метри квадратни од по 5.500 евра во Пула

Здравко Чолиќ е еден од омилените пејачи од нашите простори, а минатата година во медиумите беше објавено дека поседува недвижен имот и во Хрватска.

Еден од најголемите музичари во регионот, Здравко Чолиќ поседува неколку имоти, а минатата година во јавноста стигна веста дека купил стан во Пула. Чолиќ се одлучил за стан во пристаништето Веруда, во една од зградите кои во моментот се градат во склоп на атрактивниот и скап проект лоциран на границата меѓу пристаништето и Пјешчаната Увала, објави минатата година „Истарски.хр“.

Станува збор за пет згради лоцирани на ридот над пристаништето што се надвиснува над заливот и од кои, дури и од пониските катови, се пружа поглед кон бродовите и глисерите… Тоа е еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во последно време, а цената на становите е околу 5.500 евра за метар квадратен. Со оглед на тоа што во понудата има и големи станови, крајните износи во некои случаи ќе изнесуваат и над половина милион евра.

Планирано е да се изградат околу 150 станови распоредени во пет згради. Чолиќ лани имаше концерт во арената во Пула, што многумина го поврзаа со фактот дека во овој град посакал да има стан.


 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....