15:31 - 10 ноември, 2026

Кијану Ривс доаѓа во Србија: Ова е неговата листа на желби

Кијану Ривс наскоро доаѓа во Србија, а ова е неговата листа со желби.

Познатиот холивудски актер Кијану Ривс ќе настапи со својот бенд Догстар на Ареснал фест што ќе се одржи од 27 до 29 јуни во Кнежевски Арсенал во Крагуевац.

Сè е подготвено за пречек на холивудската ѕвезда која стекна популарност во деведесеттите со улогите во филмовите „Брзина“ и „Матрикс“, а го зацврсти статусот на еден од најбараните актери во филмската франшиза на Џон Вик.

Многу од неговите глобално популарни колеги важат за разгалени ѕвезди кои имаат долга листа на барања кои мора да се исполнат кога ќе посетат некој град.

Тоа не е случај со Ривс, кој има многу скромна листа на барања.

Тој побара од организаторите безалкохолно пиво и саке (јапонска ракија) да бидат достапни за неговиот бенд и за него за време на нивниот настап на фестивалот.

– Мислевме дека ќе бара којзнае што бидејќи со децении е една од најголемите светски ѕвезди. Сепак, тој тотално не разувери во тоа. Побара да му обезбедиме безалкохолно пиво и јапонска ракија – саке. Неговиот бенд и тој беа многу скромни во барањата, така што нема да има никакви проблеми да се исполнат – вели извор за српски Информер.

Саке е традиционален јапонски пијалок од ориз кој датира од 300 година од нашата ера. Се прави со ферментирање на ориз. Тој е национален пијалок во Јапонија и често се служи со посебен ритуал, нежно се загрева во мал земјен сад или во порцеланско шише и се пие од мала порцеланска чаша наречена саказуки.

Алтернативниот рок бенд Догстар е основан во 1991 година и има три члена. Кијану свири бас гитара, Роберт Мејлхаус свири на тапани, а Брет Домроуз свири гитара.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....