12:08 - 29 ноември, 2026

(Видео) Сите шокирани: Здравко Чолиќ на концерт ја поливаше публиката со вода, па го шутна шишето!

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ синоќа имаше неверојатен концерт во Будва, пред илјадници обожаватели.

Чола е познат по големите и успешни концерти, но она што го направи синоќа сите ги шокираше. Овој спонтан гест предизвика воодушевување.

Чола ги пеел своите најголеми хитови и во еден момент зел пластично шише со вода и ја полил публиката во првите редови. Чолиќ се приближил до публиката и ги испрскал сите.

Откако ги изладил посетителите во вжештената атмосфера, тој не застанал тука. Чола понесен од атмосферата го шутнал шишето најсилно што може. На неговото шутирање би му позавиделе дури и професионални фудбалери.

 

@dejo__95 #zdravkocolic #designer @DragomirDespic_design ♬ CCokolada – Desingerica

Но, интересно е што публиката беше воодушевена од настапот на легендарниот музичар. Видеото многу брзо се прошири на социјалните мрежи и на крајот стигна и до српскиот рапер Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица. Раперот го видел видеото и го споделил на својот профил со опис:

„Го одработи на Десингер“, напишал Драгомир со емотикон.

Десингерица е, инаку, познат по бунтовничкото однесување на настапите.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а коментарите се нижат еден по друг:

„Каков цар“, „Ова е вистинска музичка ѕвезда“, „Ова е Десингерицата на вашето детство“, „А кога Десингерица прска, тоа е проблем“ – беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....