26.8 C
Скопје
21:29 - 9 септември, 2026

(Видео) Погледнете каде живее Ердоган, најплатениот политичар во светот: 250 приватни соби за него и Емине, базени, турски купатила…, само за греење се плаќа над 600.000 евра

Претседателот на Турција, Ердоган, го стекнал своето богатство со инвестирање во акции и во недвижен имот. Сопственик е на неколку ресторани и на фудбалски клуб во Анкара, а има и своја вотка. Списанието „People with money“ неодамна го стави на врвот на листата на најплатени политичари.

Ердоган со сопругата Емине, фото Инстаграм

Многу се пишуваше за неговата луксузна претседателска резиденција изградена во турската метропола Анкара. Изградена е на површина што поранешниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк ѝ ја подарил на државата во 1937 година, а во 1992 година е прогласена за заштитен имот каде што е забранета изградба. Палатата сепак била изградена, иако турските власти се обиделе да ја запрат изградбата. Ердоган ја игнорираше оваа одлука.

– Нека ја срушат ако можат. Наредиле суспензија, но не можат да ја запрат изградбата на оваа зграда. Ќе ја отворам, ќе се преселам во неа и ќе ја користам, рече тогаш.

Инаку, палатата беше наменета за канцеларијата на турскиот премиер, но кога Ердоган дојде на власт во 2014 година, најави дека ќе ја користи како претседателска резиденција.

Ак Сарај, преведен како Белата палата, се наоѓа на рид над градот и, според Дејли Меил, има неверојатни 1.100 соби, од кои дури 250 соби ги користат само Ердоган со сопругата Емине и нивното потесно семејство.

Се разбира тука се и турските купатила, спа центар и базени, па се смета дека во текот на зимата за еден месец само за греење се плаќа над 600.000 евра.

Ентериерот е направен по негов вкус, со мермерни подови, златни детали и богати теписи. Палатата е три пати поголема од Белата куќа во Вашингтон и се смета за најголемата палата изградена во последните сто години.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....