11.8 C
Скопје
10:19 - 20 октомври, 2026

(Видео) Хари го покажа ланчето скинато од Вилијам при тепачка: „Го поправив, ги претставува моите деца“

Две правоаголни кристалчиња и едно кружно, врзани околу вратот со црна врвка. Принцот Хари, за време на интервјуто за The Late Show, јавно го покажува ланчето што се споменува во неговата нова биографија, Spare.

„Во книгата кажувате како вашиот брат Вилијам ви го скинал ѓерданот за време на тепачка“, вели водителот Стивен Колберт. „Кое ланче?“

„Еве го, поправено“, одговара војводата, извлекувајќи го од под кошулата и подавајќи го кон гледачите. Во ва ланче има отчукувања на срцето на моите деца, тоа е подарок од мојата сопруга“.

„Ох, го гледам кардиограмот врежан таму“, одговара водтелот, наведнувајќи се над бирото. „Има и Тигарско око на него, еден мој пријател го направи во Боцвана“, додава Хари, фокусирајќи го своето внимание на кружната амајлија.

Таканареченото Тигарско око е вид на кварц, златно обоен со потемни ленти, тврд камен по потекло од јужна Африка. Областа во светот која војводите од Сасекс особено ја сакаат: всушност, Хари и Меган отидоа заедно во Боцвана во 2016 година, кога нивната врска беше во почеток, а потоа се вратија во Јужна Африка во 2019 година со нивниот најстар син Арчи кој штотуку беше роден.

Двојката, во неодамнешниот документарен филм на Нетфликс, откри дека дури и помислиле да одат да живеат таму, но различните перипетии ги смениле плановите.

Од друга страна, како што се раскажува и во книгата „Резерва“ , атмосферата во Палатата станала особено напната, до степен да генерира епизоди на агресија:

„Една вечер брат ми ме фати за јака и ме фрли на земја“, пишува Хари. . „Ми го искина ланчето“.

Поправеното ланче денес е повторно околу вратот на принцот.

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо
Се вчитува....