12.8 C
Скопје
09:47 - 8 октомври, 2026

(ВИДЕО) КОНТРОВЕРЗНИОТ ФИЛМ ЗА КАЛУЃЕРКИТЕ ЛЕЗБЕЈКИ ЈА ПРОТРЕСЕ ЦРКВАТА: Покрената петиција за забрана на емитување!

Здружението на католички активисти во Белфаст покрена петиција за забрана на прикажување на филмот „Бенедета“ на Велики петок.

Филмот на режисерот Пол Верховен, снимен според животот на калуѓерката Бенедета Карлини, требаше да биде прикажан овој петок.

„Овој филм е измама и ништо повеќе од очигледен напад на католичката вера“, изјави Демиен Марфи, од Ирското друштво за христијанска цивилизација, за Белфаст Телеграф.

Иако прикажувањето нормално ќе започне во Ирска и Велика Британија, Марфи истакна дека почетокот на прикажувањето е „пресметана навреда за сите христијани“ и дека е срамота што е дозволено на ваков важен ден.

Се разбира, филмот и претходно наиде на критики од верниците кои се згрозени од сцените на калуѓерки кои се галат со Исус, статуата на Богородица користена како секс играчка и порнографскиот приказ на калуѓерки во лезбејски сцени.

Верховен ги коментираше критиките:

„Не разбирам како нешто што се случило во 1625 година ќе го наречете богохулење. Не можете да ја промените историјата или работите што се случиле, а филмот го базирав на она што се случи. Во овој случај, користењето на зборот богохулење е глупаво“, изјави директорот.

Слични објави

Есенски десерт за вистинско уживање — кремаст мус од костени и чоколадо готов за само 10 минути

Еспресо

Хороскоп за 8 октомври: Вагите ќе мора да направат компромис на работното место

Еспресо

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо
Се вчитува....