14:52 - 7 ноември, 2026

(Видео) Јована Јеремиќ и Ана Николиќ направија хаос во ноќен клуб: Водителката го украде микрофонот, па ја вжешти атмосферата!

Пејачката Ана Николиќ и водителката Јована Јеремиќ уживаа во еден клуб во Белград, а судејќи по видеото што го споделија на социјалните мрежи очигледно одлично се забавуваа, пишува „Блиц“.

Јована и Ана се познати како љубители на излегувањата и ноќните забави, а водителката често доаѓа до микрофон и пее. Имено, Јована реши овој пат да го испее хитот „Ромале, ромали“, па ѝ го зема микрофонот на пејчката.

Ана била збунета од нејзиниот потег, но ѝ се насмеала, а на своите обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм преку видеото им порачала:

– Каде погрешив? Еве, Јована пее. Јас сум инфлуенсер и водител овде, а таа пее! – извика Ана.

Јована не обрна внимание на нејзините зборови и продолжи да го пее големиот хит.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....