26.8 C
Скопје
20:55 - 17 август, 2026

Тројца вработени во Лондонската клиника истражувале за состојбата на Кејт Мидлтон: Сакале да пристапат до досиејата, а се нудат големи суми од таблоидите 

Болницата каде Кејт, принцезата од Велс, имаше абдоминална операција соопшти дека „секое прекршување“ на доверливоста на пациентот ќе биде истражено.

На оваа изјава ѝ претходеа известувањата во печатот дека некои од персоналот на клиниката се обидувал да добие пристап до приватни медицински информации на сопругата на принцот Вилијам.

Лондонската болница, приватна болница која ја посетуваат членовите на кралското семејство, рече дека „нема место“ за оние кои намерно ја поткопуваат довербата на пациентите.

Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство (ICO) соопшти дека добила „извештај за прекршување“ и дека истражува кои членови на медицинскиот персонал сакале да дојдат до информации за здравствената ситуација на принцезата.

Ал Расел, главен извршен директор на Лондонската клиника, рече во изјавата дека целиот негов персонал е „многу свесен“ за нивните „индивидуални, професионални, етички и законски одговорности во однос на доверливоста на пациентите“.

„Ние се гордееме што обезбедуваме одлична грижа и приватност секојдневно за нашите пациенти, чија доверба многу ја цениме“, продолжи тој.

„Имаме системи за следење на управувањето со информациите за пациентите, а во случај на какви било прекршувања, ќе ги испитаме и ќе ги преземеме сите соодветни регулаторни и дисциплински мерки“, додаде Ал Расел.

Во вторникот, таблоидот „Дејли мирор“ објави дека најмалку еден од вработените во клиниката бил „фатен како се обидува да пристапи до медицинските досиеја на Кетрин“.

Весникот (и портал) објави дека била покрената внатрешна истрага во приватната клиника каде што се лекувале принцезата и кралот Чарлс Трети во последните месеци.

Изјавата на Ал Расел не се однесува на наводите објавени во печатот во врска со принцезата од Велс.

За сега се осомничени дека тројца вработени во болницата ја истражувале состојбата на Мидлтон, но информациите за тоа до какви сознанија дошле не стигнуваат до британските таблоиди кои секако нудат големи суми за да се открие вистината за здравјето на принцезата

Слични објави

И роденденот не може да ѝ помине без драма! Карлеуша отвори нов Инстаграм на полноќ, собра 10.000 следбеници, а потоа повторно го изгуби профилот!

Еспресо

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

Еспресо

(Фото) „Седум години подоцна, на исто место, побогата за две деца“: Ана Севиќ ужива на одмор на Миконос

Еспресо

(Фото) „17 долги, болни и тешки месеци“: Ана Костадиновска со емотивна објава за Сара и колегите од „ДНК“

Еспресо

(Видео) Сенида била нападната во клуб во Хрватска – ја гаѓале на сцената, пејачката барала помош од обезбедувањето

Еспресо

(Фото) Пораката на помладата ќерка синоќа ја расплака Карлеуша: Ова ја дочекало во семејната вила, со својата одлука шокираше

Еспресо
Се вчитува....