10.8 C
Скопје
05:36 - 25 април, 2024

Ве водиме на Тасос: Колку чини гиро, кафе, пиво, сместување…на грчкиот остров со најубави нијанси на сино море

Тасос е еден од најубавите грчки острови кои претставуваат спој на планините со морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

Плажите со кристално чиста вода, заливите, живописните села распоредени меѓу густата шума и богатиот ноќен живот го прават Тасос едно од најпопуларните одморалишта во Грција. Воздухот е чист, а боите на островот се од синозелена на морето до зелена на шумите и белата на градбите.

Островот нуди повеќе од обичен одмор. Виното кое тука се произведува е едно од најубавите грчки вина. За него се вели дека го пиеле Клеопатра, кралицата на Египет, која испраќала бродови за да и го донесат овој пијалак кој според легендата бил омилен на боговите од Олимп.

Главен град на Тасос е Лименас, кој бил изграден во средината на 19 век од страна на локалните жители во Панагиа.

Тасос нема аеродром но најблизу е аеродромот во Кавала од каде до островот се стигнува со ферибот за околу еден час. Аеродромот исто така е оддалечен 3 километри од Керамоти од каде има фериботи за Тасос и се стигнува за половина час, па оттука островот е достапен и за голем број на странски туристи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

Какви се цените годинава на Тасос?

Просечните трошоци за сместување во Тасос се движат од: 40 евра во хостел или приватно сместување, до 70 евра во хотел со 3 ѕвезди. Цена за ноќевање во луксузен хотел во Тасос е околу 152 евра.

Месечен наем на апартман во центар на град е околу 300 евра, а апартман кој не е во центар може да се најде за наем од 250 евра.

Користењето на јавниот превоз во Тасос чини: 1,20 евра за единечен билет. Цената пак, на таксито во Тасос зависи од неколку фактори. Почетната цена на таксито е приближно: 3,50 ЕУР, а за возење од 1 км во Тасос треба да платите дополнително на почетната цена плус приближно: 1 евро.

Цените на прехранбените производи во супермаркетите се пониски отколку во повеќето други европски градови, на пример, во Тасос треба да платите за:
Шише или тетрапак млеко (1 литар): 1,20 ЕУР
Популарен кашкавал (1 кг): 7,30 ЕУР
Шише пиво од познат бренд: 1,60 ЕУР
Колбас или суво месо (1 кг): 15 евра
Вино од средна класа (едно шише): 7,00 евра

Колку пари ви требаат за еднонеделен престој во Тасос?

Доколку сакате да поминете една недела во Тасос, трошоците за вашиот престој се движат од околу 500 евра за буџетски престој 7 дена во Тасос до 900 евра за удобен престој. За луксузен одмор ќе треба да спремите околу 1.800 евра.

Во Тасос, типичен оброк – брза храна чини 7 евра, а толку чини и гирото. Чизмургер пак, во популраните ланци од типот на МекДоналдс или Бургер Кинг може да јадете за 2 евра. За љубителите на кафе, капучиното ќе го платите 2,70 евра, а еспресото 1,90 евра.

Ако седнете во ресторан треба да одвоите најмалку 11 евра за најобично јадење/предјадење. Ако сте двајца, за две јадења и салата би платиле околу 40 евра. Локалното пиво чини 3,30, а странското 3,80 евра. Чаша кока кола, 2 евра.

Алкохолот е прилично скап на Тасос, дури и поскап отколку во Италија. На пример, вискито е чини околу: 21 евро, џинот 19 евра, румот и вотката 21 евро, односно сите жестоки пијалоци се движат околу 20-на евра. За споредба, стите цени ќе ги платите во самопослуга ако си купите литар.

Колку чинат цигарите?

Цигарите се доста поскапи на Тасос отколку во Македонија. Просечната цена на една кутија локални цигари е 3,70 евра. За познатите брендови пак, ќе треба да платите околу 4,70 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Thassos (@visit_thassos)

(Фото) Ве водиме на Кос: Колку чини гиро, кафе, пиво, сместување… на островот на Хипократ

 

 

 

 

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....