23.8 C
Скопје
16:01 - 19 октомври, 2026

ТУРИСТ ГО ВИДЕЛ ЧУДОВИШТЕТО ОД ЛОХ НЕС: Тврди дека е плесиосаур со должина до 4 метри!

Чудовиштето од Лох Нес веројатно е долго помеѓу 2,70 и 4 метри. Легендарното суштество што се претпоставува дека живее во водите на познатото шкотско езеро Лох Нес било откриено со подводен сонар.

Според извештајот на еден турист, г -дин Брендон Скенлон, кој на крајот на август бил на одмор покрај езерото, чудовиштето навистина постои и може да биде долго до четири метри.

Извештаите за присуството на суштеството се зголемуваат во последниве месеци. Ова е веќе трето тврдење дека чудовиштето е видено само во текот на ова лето.

Според зборовите на г -дин Скенлон, чудовиштето се сокрило под површината на езерото. Тој патувал со бродот „Неси Хантер“, брод што служи за прошетка на туристи околу езерото.

Најновото тврдење сугерира дека чудовиштето може да е плезиосаур.

Вака е објавено во извештајот од 26 август: „Господинот Скенлон, на одмор со своето семејство, забележа нешто со сонарот на бродот и сними фотографија. Во тој момент капетанот на бродот, Мајк, процени дека идентификуваниот објект имал должина од 2,70 до 4 метри и дека плови на длабочина од околу 20 метри“.

Плесиосаурот е вид на водна змија која обично растела во должина од околу четири метри, според пронајдениот фосилен запис. Па така, димензиите на чудовиштето од Лох Нес, според последниов извештај, точно одговараат на проценката направена од капетанот на бродот „Неси Хантер“ на кој бил туристот Брендон Скенлон.

Друг турист пак, г -дин Веакок, тврдел дека видел неидентификувано суштество како се крева на два метри од водата на крајот на јули, пред да се врати во длабочините. И Веакок бил на одмор на познатото езеро Лох Нес. Во друга прилика, татко и ќерка тврдеа дека ја виделе Неси како се движи во вода додека пешачеле низ областа.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....