14.8 C
Скопје
22:10 - 2 мај, 2024

(ВИДЕО) Сведоци на драмата во Њујорк: ЧАД, ПАНИКА, КРВ НАСЕКАДЕ… најмалку 13 повредени, осомничен е Афроамериканец

Исповед на маж кој го преживеа пукањето во Њујорк: Имаше крв на подот, луѓето се газеа
еден врз друг. Мажот во тој момент на нападот бил во предниот дел на третиот вагон, во кој се случило пукањето.

Кондуктер кој бил во вагон на метрото каде што денеска се случи пукањето, во кое се повредени најмалку 13 лица, во исповед за Си-Ен-Ен раскажал што се случувало во моментот на пукањето, пренесува телеграф.рс.

Тој рекол дека возот доцнел неколку минути пред да стигне до станицата лоцирана на 36-та улица во Сансет Парк.

– Видов дека чад почна да се шири низ вагонот. Потоа слушнав звуци кои личеа на огномет, сега кога знам дека е пукање, среќен сум што се скрив зад едно од столовите. Сè уште немам зборови да го опишам она што го доживеав – рече тој.

Кога димот почнал да се шири луѓето почнале да бегаат во друг вагон, а возачот се обидел да ги отвори вратите, но не можел.

Кондуктерот потоа опишал како изгледало местото на несреќата веднаш по пукањето.

– Имаше крв на подот. Имаше многу крв. Во тоа време, не мислев дека тоа е пукање бидејќи сето тоа ми звучеше како огномет. Сè што видов беше луѓе кои трчаат и се газат еден врз друг, обидувајќи се да излезат низ заклучена врата, рекол кондуктерот опишувајќи ја и големата паника која настанала, но за среќа најпосле се отворила вратата и сите набрзина излегле – пренесува телеграф. рс.

Инаку, според првите проценки за време на пукањето во вагонот имало околу 50 патници.

Странските медиуми известуваат дека според сведоци на настанот човекот кој пукал е веројатно Афроамериканец висок околу метар и 64 см.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочу и градоначалникот на метрополата, Ерик Адамс, биле информирани за пукањето што се случи утрово во Њујорк, во метро станица во Бруклин. Адамс пак, е во изолација затоа што има Ковид-19 од неделата. На неколку лица било пукано во станицата на подземната железница, каде биле пронајдени и „неексплодирани направи“, соопшти градската противпожарна бригада. Во меѓувреме, најмалку 13 лица се пренесени во болниците во областа.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....