11.8 C
Скопје
02:42 - 25 април, 2024

Со музичарката и професорка Андријана Јаневска на тема мотори: Најголем предизвик е да се избегнат дупките на патиштата

Тип е што веднаш ги реализира идеите, па така штом на почетокот на јуни посакала да научи да вози мотор, уште истиот ден закажала часови за обука. На крајот на јуни, ем имала положено, ем си купила мотор.

На жените не им е дозволено да членуваат во машки мото клубови, па останува периодов да возам „соло“. Фото-приватна архива

Докажана музичарка и професорка по виолина, а од друга страна страсна моторџика. Навидум неспојливи особини и активности, но сепак постои нишка. Оние кои приватно ја познаваат Андријана Јаневска воопшто не се зачудени. Напротив, за неа е сосема вообичаено да испробува, да експериментира, да осознава и секојдневно да учи нови работи. Има авантуристички дух, сака да истражува и да патува, а токму возењето мотор ѝ го нуди чувството на слобода. Спортски тип е, страствен љубител на Формула 1 и Мото ГП. А моторот што го вози е голем, Honda CBF 600, тежи 220 килограми.

Кога се „навлече“ на мотоциклизмот? Како сè започна?

– Сè започна пред неколку години, кога на гости дојде нашиот кум Јаким, најдобриот пријател на мојот сопруг Гино. Тој е искусен моторџија, а тој ден дојде кај нас со неговото црно Suzuki V STROM 1000. Со години наназад доаѓал со моторот, но токму тој ден ми дојде желба да го испитам тој непознат терен. Сакав да дознаам какво е чувството. Ми предложи да свртиме некој круг низ населба Бардовци и кога се вративме, знаев дека сакам и јас да возам, иако претходно немав никакво искуство, дури ни со помали мотори како скутер. Јас сум тип што веднаш ги реализира идеите, па така уште истиот ден се јавив во авто-школата да закажам часови за обука. Беше почеток на јуни, а веќе на крај на јуни имав положено и купено мотор. Значи, за еден месец од идеја до реализација.

Какви беа првите реакции на твоите блиски, имаше ли поддршка или само предрасуди?

– Моите блиски немаат предрасуди за ништо, а така сум воспитана и јас. Сепак, постоеше извезен страв кај сопругот и татко ми бидејќи немав претходно искуство. Вообичаено, сите пред да возат голем мотор почнуваат со помал, па имаше предлози да си купам скутер и потоа ако видам дека ми се допаѓа да прејдам на голем мотор. Ме предупредуваа дека скопските улици не се за мотор со оглед на тоа што се вози брзо и невнимателно. Секако дека бев свесна за тоа бидејќи 21 година имам возачка дозвола од Б категорија и буквално секој ден возам низ град. Инаку, со моторот досега не сум имала никакви проблеми, кога возам отворам четири очи.

А какви се реакциите на оние што не те познаваат кога ќе увидат дека зад кацигата има убава женска глава?

– Понекогаш, кога стојам на семафор, некој ќе ме поздрави со рака или ќе довикне, но ништо вулгарно или непристојно. Вообичаено се зачудени, во позитивна смисла.

Колку женскиот мотоциклизам е развиен во Македонија, на добар пат ли сме во креирање промени и уривање бариери?

– Деновиве разгледував на Интернет дали постојат женски мото клубови во Македонија и наидов на информација дека постоел женски мото клуб пред неколку години, но не знам дали сè уште функционира. Она што со сигурност го знам е дека на жените не им е дозволено да членуваат во машки мото клубови, па останува периодов да возам „соло“.

фото-приватна архива

Сложени ли се процедурите за добивање дозвола, колку трае обуката, каде се обучуваше?

– Не се двоумев каде да се јавам за обука, тоа беше истото место каде што пред 21 година се обучував и за Б категорија, авто-школата „Мартин“. Мој инструктор за А категорија беше Мартин Трајановски, а положив без ниеден негативен поен. Тој период се посветив само на тоа, вежбавме секој ден, најнапред на полигон, а потоа низ град. Обуката траеше околу две недели, а потоа следуваше процедурата со полагањето и вадењето на дозволата. Мислам дека тоа што сум искусен возач на автомобил многу ми помогна при полагањето.

Кој е следниот предизвик?

– Кога полагав за А категорија, со инструкторот се шегувавме да полагам и за останатите категории. Но, сопругот оди ниво погоре, да одам на обука за мал авион. Секако дека се шегувам, но во секоја шега има и половина вистина. Инаку, предизвик во однос на моторот ми се некои интересни тури низ Турција. Само да бидеме во добро здравје!

фото- приватна архива
фото- приватна архива

 

 

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....