15:18 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Уште постудено време! Проверете кога…

– Како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи претежно од снег, со што снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Од среда ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, од средината на неделата ќе биде УШТЕ ПОСТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат дури до -10 степени, на планинските места и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи петеќно од снег. Од среда ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат се пониски и во текот на на неделата минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 5 степени.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....