15:28 - 8 ноември, 2026

Која е Констракта, победничката на српската Песна за Евровизија и зошто ја спомнува Меган Маркл во песната?

Уметничката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, по победата во финалето за избор на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија. До скоро незабележлива, по изведбата на песната „In Corpore Sano“ (Во здраво тело“) Ана дојде во центар на вниманието на целиот Балкан.

До изведбата на песната „In Corpore Sano“ во првото полуфинале, многумина не ја вклучуваа Констракта на листата на омилени, нејзината песна и изглед беа коментирани како само уште една во низата незабележителни учесници, а многумина ја нарекоа и чудна, но, поради трите минути колку што траеше нејзиниот настап, настана пресврт.

Ана со својот настап и различните звуци успеа да привлече огромно внимание на публиката како во Србија, така и во регионот.

Нејзините стихови „Која е тајната на здравата коса Меган Маркл“ ја освоија публиката, а Констракта откри зошто поранешната војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ на нејзината песна.

– Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса… Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има убави шешири, а Меган убава коса. И Меган е протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите – објаснила Констракта, пренесуваат српските медиуми.

И нејзиното уметничко име е вистинска мистерија, а во една прилика за српските медиуми открила дека псевдонимот што го користи значи рационално и емотивно во едно.

Констракта била член на алтернативниот бенд „Земља група“ кој бил формиран во 2007 година, а како солист на „Беовизија 2022“ се натпреваруваше и нејзината колешка од бендот Зои Кида.

Ана Ѓуриќ е архитект по професија, сопруга на Милан Ѓуриќ и мајка на две деца, Лена и Никола.

Слушнете ја нејзината „In Corpore Sano“.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....