20:51 - 7 ноември, 2026

ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ОСКАРИТЕ: Жените ја преземаат улогата на водители поради паднатата гледаност!

Ванда Сајкс, Ејми Шумер и Реџина Хол ќе ја водат гала-церемонијата Оскари која ќе се случува на 27 март. Сите три се актерки, и ова е првпат во историјата три жени да бидат на чело на најважната ноќ во Холивуд.

Сите три се комичарки и ја добија честа да бидат водителки на 94-тото издание на Оскарите, закажано за 27 март. Никогаш досега толку многу жени не ја зеле позицијата на водители во една вечер.

Очигледно, „ветровите“ во Холивуд се менуваат со оглед на тоа што Оскарите беа без водители во последните три години. Досега, всушност, на сцената на театарот Долби се менуваа низа гости за да ја означат наградуваната категорија.

Ванда ја паметиме по неверојатната улога во филмскиот хит кој ги преполни киносалите ширум светот, Monster in Law и подеднакво успешниот филм Bad Moms, Реџина Хол покажа брилијантна улога во Scary Movie, додека Ејми Шумер ја помниме по улогите во романтичните комедии Trainwreck и I Feel Pretty .

За прват во историјата е избрано трио жени да го водат шоуто за доделување на Оскарите и можеби не е случајно со оглед на слабата гледаност минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WS (@iamwandasykes)

Академијата за филмски уметности и науки, исто така воведе уште една новина на социјалните мрежи: фановите ќе можат да гласаат на Твитер за нивните омилени филмови објавени во 2021 година, дури и оние кои не добиле номинација.

Филмот со најмногу гласови од следбениците ќе биде спомнат за време на доделувањето на Оскарите.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....