– Во следните денови како што најавивме, под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, што значи дека ќе бидат натпросечно високи. Во најтоплите предели од државава истите се очекува да надминат дури и 35 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во попладневните часови има помали услови за локална појава на краткотрајна нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Слични објави
„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата
„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ
Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“
Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане
Се вчитува....
