20:38 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе ни се погоди ли времето за скара?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интералот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени. Потоа и во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Напомена: За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). Температурите во следните неколку денови ќе бидат под просекот за почетокот на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека пораст на истите се очекува од средината на неделата кога ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....