10.8 C
Скопје
20:57 - 19 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 1 МАЈ: Аплауз за Девиците, љубов за Стрелците, супер ден за Рибите…

ОВЕН

Атмосферата на работа ќе биде напната веднаш по празниците, затоа одморете се добро. Некои Овни ќе доживеат средба со личност од нивното љубовно минато. Други ќе фантазираат за тоа. Внимавајте на пресилните емоции.

БИК

Уметниците денеска нека одморат, на трговците добро ќе им оди во ковање нови планови.Ќе зрачите и ќе бидете впечатливи. Лесно ќе се вовлечете под кожата на личноста која ви се допаѓа. Спијте доволно.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу идеи кои може да ви донесат профит, но морате да ги усогласите со кодексот на работното место. Ќе ѝ покажете на другата страна – партнерот/ка дека и вие сте ранлива и емотивна личност, иако досега сакавте да ја убедите токму во спротивното. Не пијте премногу алкохол.

РАК

Оние кои се на одмор добро ќе се одморат, другите ќе сакаат побавно да минуваат празниците. Потрудете се да не се вплеткате во своите љубовни илузии. Стојте цврсто на земја. Убаво наспијте се ве чека период на голем замор.

ЛАВ

Ќе добиете идеја која ќе ѝ донесе сериозен профит на вашата фирма. Внимавајте со кого ја споделувате. Денеска ќе се помирите со тоа дека на некои нешта, едноставно им помина „мандатот“. Пазете се од алергии.

ДЕВИЦА

Сакате да бидете на пиедестал и да чуете аплауз. Некои тоа и ќе го доживеат. Некој од вашите пријатели ќе ве растажи, но тука е вашата сакана личност да ви биде поддршка. Бидете трпеливи.

ВАГА

Бидете тактични на работното место и соработувајте. Денеска е подобро од вчера. Исто се чувствува и вашиот партнер. Добро расположение.

СКОРПИЈА

Многу нешта не ви одат од рака, па најдобро е да почекате викендот да помине. Ќе имате душевно олеснување, дури и покрај тоа што сте свесни дека личноста што ви се допаѓа ги држи конците во свои раце. Заслабнат имунитет.

СТРЕЛЕЦ

Некои нешта ќе ви одат полесно од вообичаено, но не се опуштајте премногу. Ќе бидете со луѓе кои ве веселат, па нема да имате време да мислите на пропаднатата љубов. Одмарајте се повеќе.

ЈАРЕЦ

Малку работа, малку забава и нема да забележите дека денот поминал. Ќе се најдете во центарот на добра забава, а една личност го следи секој ваш чекор. Почнете да вежбате.

ВОДОЛИЈА

Помина напнатиот период, добро работите, но внимавајте на финансиите. Ќе сфатите дека е време малку подлабоко да ги разгледате нештата и да се зближите со личноста која одамна ви се допаѓа. Мал пад на имунитетот.

РИБИ

Одличен ден за уметниците и креативците. Одредени проблеми нема да ви дозволат да имате време за партнерот. Фрустрациите ве исцрпуваат.

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо
Се вчитува....