15:28 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Интензивни врнежи и снег, проверете каде и кога!

– Како што најавивме, во следниот период ќе имаме претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе преминуваат само во снег и на некои пониски места. Во следните денови на повисоките и планинските места снежната покривка значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на некои пониски места, особено во западните и во југозападните предели. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на значителен пад и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 7 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следниот период ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на околните планини ќе има врнежи од снег. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушта во интервалот од -1 до 1 степен, додека максималната ќе се искачува во интервалот од 4 до 7 степени.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....