04:09 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Грмежи, град, дожд…еве кога да не излегувате од дома!

– Како што најавивме, за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. За време на викендот локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. На планините пак ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Пад на истите и посвежо време се очекува од недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални локални врнежи од дожд, додека за време на викендот ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 17 степени.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....