15.8 C
Скопје
05:01 - 9 септември, 2026

Славчо Попоски: Прежешко во исчекување на град со големина на ореви!

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и навечер ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса, во текот на новата седмица која што ни претстои времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (за релативно кратко време поголемо количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем пречник. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета – предупредува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....