13:00 - 28 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Еве кога ќе биде сончево и ТОПЛО

– Како што најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, кога ќе биде сончево и ТОПЛО и со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во недела, кога ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од дожд, а можна е и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, додека во недела се очекува продор на нов влажен и постуден воздушен бран од северозападен. Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 23 степени.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....