10.8 C
Скопје
07:39 - 19 март, 2024

СИТЕ СТРАДАЊА НА ШИНЕЈД О КОНОР: Обиди за самоубиство, лекувања на психијатрија, конфликти со децата, страшно детство, и сега – смрт на синот, дали новиот документарец за ѕвездата е веќе застарен?

Во светот одекна веста за смртта на 17 годишниот син, Шејн, на пејачката Шинејд О Конор, кој прво исчезнал, а потоа си го одземал животот. Скршена од болка, пејачката ја објави веста на Твитер. Се претпоставува дека Шејн, се борел со депресија, болест која не е непозната за самата Шинејд.

Животот на Шинејд О’Конор е дефинитивно мачен, со години наназад таа е во постојана борба со нејзините демони кои, очигледно, сè уште не успева да ги победи. И сега, уште оваа страшна, болна, неопислива случка…

Да се потсетиме на животот на Шинејд (55). Во минатото таа се обиде да се самоубие неколку пати, вклучително и на нејзиниот 33-ти роденден.

Мајка во депресија, кражби и живот во дом

И самата имала тешко детство. Родена е во 1966 година во Даблин, на 9 години нејзините родители се разделиле и таа е доверена на нејзината мајка.

Но мајката имала нестабилно однесување, била алкохоличарка и многу депресивна, па често ги злоупотребувала своите четири деца. Девојчето било земено на чување од татко ѝ, кој ја доверува на различни католички колеџи.

Била избркана од училиштето во кое учела, а како млада тинејџерка била уапсена за кражба и затворена во поправен дом.

Од млада покажувала хистерично однесување, но имала и долги фази на депресија. Во музиката наоѓала единствено бегство од реалноста, а била многу талентирана.

Скандалозни изјави

Откако станала ѕвезда, еуфоријата, но и дерпесиите и изливите на бес само се акцентирале, а и станале видливи за јавноста.

Шинејд често била во центарот на многу дебати за нејзината отворена одбивност кон Ватикан, вклучувајќи го и Папата. Кога во 1992 година ја испеа „Војна“(War), добро позната песна на Боб Марли, таа ги нападна, според неа, педофилите во Католичката црква. Дополнително, пејачката ја искина фотографијата на Јован Павле Втори пред многу новинари, извикувајќи „бори се со вистинскиот непријател“.

Обиди за самоубиство

Во 2015 година, се лекувала во центар за психијатриска рехабилитација откако објавила долга проштална порака на Фејсбук.

Во пораката објаснила колку е скршена, дека земала прекумерна доза, дека не е дома туку во хотел пријавена под лажно име, но и дека да не го постирала постот нејзините деца нема ни да забележат дека е мртва, додавајќи дека „жената може да издржи до одредена точка“.

За среќа, пејачката била навреме најдена и спасена од евентуално самоубиство.

Во 2016 година ѕвездата на хитот „Ништо не се споредува со тебе“ побегнала од дома. Ја напуштила куќата на велосипед, облечена во дуксер и кожени панталони. Пред да исчезне, уметницата објавила порака до својот син Џек на Фејсбук, во која го укорила за односот кон неговиот брат. Во тоа време О’Конор се најде на списокот на луѓе кои се изложени на ризик од самоубиство, бидејќи таа повеќе пати манифестирала одредена нерамнотежа.

Во депресија по смртта на Принс

Уште еден период на депресија за Шинејд следуваше по смртта на нејзиниот пријател, пејачот Принс. Смртта на Принс само ја зголеми нејзината вознемиреност и болка во животот. Уметницата остро го критикуваше актерот, водител и продуцент Арсенио Хол, обвинувајќи го дека со години му доставувал дрога на кантавторот на „Purple Rain“. Тешки зборови што ја коштаа жалба за клевета. Хол побара од О’Конор 5 милиони долари.

Принс беше ментор на Шинејд О’Конор, поради што неговата смрт ја фрли во длабок очај.

Токму Принс ја натера да ги направи првите чекори во светот на музиката, пишувајќи ѝ ја извонредната балада „Nothing Compares To You“, која стана хит во 1980-тите.

Лош однос со децата

Врската помеѓу пејачката и нејзините деца никогаш не била идилична. Во 2015 година уметницата напиша долга порака на Фејсбук упатена до своите деца. Порака беше многу директна, дека нејзините деца ѝ ги украле децата, дека ја убиле мајка си, дека се лицемерни, дека ја оставиле сама дваесет недели и дека никогаш веќе не сака да ги види ниту да ги чуе, ниедно од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sinead O’Connor (@oconnor.sinead)

Во поново време…

Последните неколку години беа особено тешки за Шинејд, која во 2017 година го промени своето име во Магда Давит, а во 2018 година премина во ислам, со новиот идентитет Шухада.

Но, овие трансформации не влијаеле на нејзината измачена душа, поврзана со турбулентното минато и со оние осум обиди за кои таа сама признала дека сака да си го одземе животот. Сето ова силно се појави во сегашноста која не ги заборава своите лузни.

Нејзиното страдање повторно беше потврдено во 2017 година, кога преку видео објави дека: „Сама сум, сите ме третираат лошо, а јас сум болна. Менталните болести се како дрога. Живеам во мотел во Њу Џерси и осамена сум. И нема ништо во мојот живот освен мојот психијатар, најслатката личност на светот, кој ме одржува во живот. Сакам сите да знаат што значи ова и зошто го снимам ова видео. Менталните болести се како дрога, тие се стигма: одеднаш сите луѓе кои треба да ве сакаат и да се грижат за вас се однесуваат лошо“.

Меѓутоа, во јуни 2020 година пејачката ја објави својата автобиографија „Сеќавања“, книгата се занимава со личните тешкотии и со нејзината животна приказна според нејзините сеќавања.

Новиот документарен филм за животот и кариерата на Шинејд О’Конор беше најавен да ја има својата светска премиера на 21 јануари годинава на Филмскиот фестивал Санденс. Останува да видиме дали сега, после трагичниот настан, филмот ќе биде прикажан.

Слични објави

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....