22.8 C
Скопје
15:55 - 28 март, 2024

Што остави зад себе ТЕЈЛОР ХОКИНС: Детали за неговиот приватен живот, наследството, дрогата, љубовта…

Една од тајните на успехот на Foo Fighters на преминот од 1990-тите и 2000-тите беше влијанието на Тејлор Хокинс врз нивниот звук.

Енергичен, див, тексаско-калифорнскиот тапанар беше неверојатен талент, роден – надарен. Оливер Тејлор Хокинс е роден во Форт Ворт, Тексас на 17 февруари 1972 година. Пасиониран за музика уште од мал, за време на адолесценцијата во Калифорнија земал часови по пијано, а истовремено почнал да свири и гитара, пред да премине на најголемата страст на својот живот: тапаните.

Прво почнал да свири во експериментален бенд наречен Силвија, а потоа се приклучил на Sexual Chocolate, група која соработуваше со Аланис Морисет. Тој свиреше со канадската музичарка (пејачка и продуцент) неколку години на турнеи, пред да се приклучи на Фу Фајтерс. Беше тоа во 1997 година кога Дејв Грол го избра да го замени тапанарот во заминување, Вилијам Голдсмит.

Со американскиот бенд свиреше на многу албуми, а во некои прилики се појави и како соло вокал. На пример, во синглот Cold Day in the Sun од 2005 година и во Sunday Rain во 2017 година. Покрај Фу Фајтерс, тој во текот на својата кариера соработуваше со многу други значајни музичари.

Причина за смртта

Телото на Тејлор беше пронајдено безживотно во хотел во Богота, Колумбија, на 25 март 2022 година. Претсојувал во Колумбија заедно со Фу Фајтерс на турнеја во Јужна Америка, која беше трагично прекината. Причините за смртта не се познати, но некои извори зборуваат за можен срцев удар.

Приватниот живот на Тејлор Хокинс

Тејлор беше во брак од 2005 година со Алисон, позната по својата воздржаност. Заедно имаат три деца: Оливер Шејн, роден во 2006 година, Анабел, родена во 2009 година и Еверли, родена во 2014 година. Живееле во Хајден Хилс, Калифорнија.

Занимливости

– Негови идоли беа Стјуарт Коупленд од The ​​Police и Роџер Тејлор од Квин.

– Многумина се прашуваат дали Тејлор Хокинс имал проблеми со дрогата. Во 2000 година, за време на британската турнеја, тој беше хоспитализиран во многу тешка состојба поради злоупотреба на психотропни дроги и алкохол, но во последните години се збруваше дека е „чист“.

– На Инстаграм Тејлор Хокинс имаше профил со стотици илјади следбеници.

– Неговата сопруга и нивните деца биле важен дел од неговата работа, придонесувајќи за неговиот успех.

– Хокинс го напиша својот албум „Get the Money“ во 2019 година, импресиониран од неговиот живот како татко од предградие и сопруг кој многу ја сака својата жена.

– Никогаш не е откриена возраста на неговата сопруга, зашто таа својата приватност строго ја чува од јавноста, ништо повеќе за неа нема ни во неговите биографии објавени во книги или на Интернет, вклучително ниту на Википедија. Се претпоставува дека има помеѓу 45 и 50 години.

– Наследството од Тејлор Хокинс, останува кај сопругата Алисон Хокинс, а се проценува на нето богатство кое може да надмине 10 милиони долари, но според некои извори, проценетата нето вредност на покојниот сопруг на Алисон Тејлор можно е и да е околу дури 40 милиони долари.

Слични објави

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо
Се вчитува....