22.8 C
Скопје
12:44 - 28 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 27 МАРТ: Биковите во проблеми, Близнаците зафатени со домашни обврски, а Лавовите се фокусирани на финансиите!

дневен хороскоп

Oвен

Денес внимавајте на комуникацијата со вашиот партнер/ка. Ќе имате неоснован сомнеж во искреноста, а најдобро е отворено да разговарате. Ситуацијата ќе се поправи, само дајте време. Не е страшно како што изгледа. Посветете си време за себе, отпатувајте или возете велосипед.

Бик

Не гледајте само на темната страна, како што знаете да правите. Ако дојде до некаков судир или кавга денес, смирено решете ги проблемите. Останете неутрални, и подгответе нешто убаво за вашите најблиски. Време е да исчистите некои стари непотребни нешта од вашиот плакар, но и од вашиот ум.

Близнаци

Фокусирајте се на чистење викендов, а денес е добар ден за грижа за цвеќиња, билки или да си купите некое парче гардероба. Прифатете дека среќата доаѓа во бранови и не барајте премногу од Универзумот. Ѕвездите секако ви се наклонети кога и вие соработувате и не сте расеани на сите страни.

Рак

Имате поволен викенд во кој можете да си го разубавите домот, а и лицето. Посетете козметичар, спа или направете си маска за лице. Одлично време е за состанок, вечера, договорен кафе – муабет и опуштени разговори. Дајте му шанса на едно лице што со години ве мерка.

Лав

Астролозите велат да се фокусирате на финансиите и да направите добар план каде ќе терате наредниве месеци. Ќе имате дилема дали треба да го преземете првиот чекор, но ќе го решите тоа побрзо одошто се надевате. Имате драстични промени во расположението, но промените општо значат дека следи нешто добро. Стрпливо почекајте.

Девица

Ќе имате чувство дека ништо не сте направиле викендов. Утре поставете си приоритет – направете го она што одамна се двоумите. Оставете ги работните обврски во текот на работната недела, а вие посветете се на релаксација, некои планови кои ги криевте долго во фиока, а сега е право време да се реализираат.

Вага

Веројатно ќе добиете одговори на многу прашања што ве мачеа цела недела. Сегашноста и иднината ќе се „прелеат“. Задржете го доброто расположение со тоа што нема многу да се расправате и влегувате во непотребни дискусии со луѓе за кои знаете дека се многу различни од вас. Нивното мислење и онака не ви менува вам лично ништо. Грижете се за забите, и не претерувајте со цигари.

Скорпија

Среќата за вас е да можете да заминете некаде и да одморите во тишина. Работите интензивно на вашиот духовен раст, но некои нешта не можете да ги промените, затоа што не зависат директно од вас. Имате период во кој промените добро ќе ви дојдат, а можете да го насочите и партнерот да „заплови“ во новини заедно со вас.

Стрелец

Утре е убав ден за размислување и чувствување. Проверете си го сопствениот успех и што сте оствариле досега. Плановите за иднина нека ви создадат позитивна мисла затоа што вие сте најдобри кога знаете што барате. Отидете со најблиските на некаква заедничка активност и опуштете се. Слободните стрелци можат да прошетаат и до некој друг град или место.

Јарец

Сите заостанати планови и активности можат да се остварат токму овој викенд. Некои врски, романтични и пријателски, ќе доживеат процут, само дајте им простор. Иако сте дисциплинирани, овојпат ќе сакате да се релаксирате во меана или на некое спортско збиднување. Облечете патики и тргнете кон олабавување на вашиот вечно вознемирен дух.

Водолија

Имате сериозни и драстични планови, кои често знаат да ви направат „сопка“. Само смирено, кон целта. Никој не е совршен. Бегството од стрес и проблеми може да биде едноставно патување, спорт или хоби што ве релаксира. Не можете да ги смените луѓето околу вас, но барем вие имате моќ за промена кај самите себе. Токму овој викенд нека заблеска таа ваша карактерна особина.

Риби

Најтешкиот ден во неделата ви е кога треба да се подготвувате за наредната работа недела. За вас недела е ден за медитација, чистење, одмарање, разговори кои ве опуштаат и не сакате никако да заврши. Сепак, не губете време на бескорисни разговори и луѓе кои не ви полнат батерии и срце. Чувајте си го духовниот мир.

Слични објави

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо
Се вчитува....