22.8 C
Скопје
16:19 - 11 мај, 2024

Сестрата на Селин Дион за страшната болест на пејачката: „Наместо да плачам за нејзината судбина, верувам дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде“

Музичката легенда објави дека ќе ја откаже светската турнеја за 2023 до 2024 година поради борбата со синдромот на вкочанета личност. Еве што треба да знаете за нејзината состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Здравствената состојба на Селин Дион ги загрижува нејзините обожаватели, особено поради премногу гласини кои кружат на Интернет, и покрај постојаните негирања од страна на уметницата и нејзиниот персонал. Додека пејачката на My heart will go on, го подготвуваше своето враќање, а потоа ја откажа турнејата наречена „Храброст“, социјалните мрежи се преполни со лажни вести за неа, некои и премногу трогателни, трети и дека дури починала. Но со што всушност се соочува ѕвездата? Искушението на Селин започна во април 2021 година, а оттогаш има многу хипотези кои се надоврзаа една по друга, сè до декември минатата година, кога таа самата ја објасни својата болест.

Од жалост до болест

Беше јануари 2016 година кога, за неколку часа, Селин Дион ги загуби својот сопруг Рене Анџелил и нејзиниот брат Даниел, и двајцата по долга борба со нивните болести. Измачувачка болка за уметницата, која мораше да оплакува двајца мажи во својот живот, толку важни за неа, во истите тие денови.

Оттогаш медиумите почнаа да зборуваат за „болест“, „анорексија“, и „депресија“, термини кои се користеа без знаење на фактите, само за да продадат уште неколку примероци и да добијат кликови во изобилство.

Понатаму, слабеењето на уметницата до силуета на речиси „коска и кожа“ ги разбуди истите сомнежи во јавноста. Следуваше уште една лоша вест за уметницата, во 2020 година почина и мајка ѝ, Тереза.

Во овие пет години, пејачката продолжи да објавува музика (невозможно е да не го спомнуваме албумот Courage, кој зборува токму за нејзиното повторно раѓање) и концертно да ги воодушевува обожавателите. Сепак, лажните вести и дезинформациите за уметницата никогаш не престанаа, напротив, се намножија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пет години по смртта на нејзиниот сопруг, Селин Дион мораше да се справи со здравствени проблеми кои, како што нагласи нејзиниот персонал и нејзината сестра Клодет, не се поврзани со болката од загубите, а уште помалку со многу зборуваната наводна анорексија. На 19 октомври 2021 година, по три месеци молк на социјалните мрежи, пејачката објави дека морала да ги откаже последните датуми закажани за нејзиниот престој во Лас Вегас, поради ненадеен здравствен проблем: „Жал ми е што ги разочарав сите фанови. Сега морам да се фокусирам на подобрување на здравјето. Сакам да го надминам ова што е можно поскоро “.

За жал, деновиве осамна и веста дека Селин ги откажа сите турнеи во Европа, па потоа и во светот, за 2023 и 2024 години, поради таканаречената болест Stiff Person Syndrome (синдром на вкочанета личност), а некои медиуми почнаа да известуваат дека ова е крај на нејзината кариера и дека веќе никогаш нема да е врати на турнеја.

Што е синдром на вкочанета личност?

Според Националниот институт за невролошки нарушувања и мозочен удар, синдромот на вкочанета личност може да предизвика мускулна ригидност и грчеви, зголемена чувствителност на звучни стимули и светла, како и емоционална вознемиреност што може да предизвика грчеви во мускулите. Тоа е толку ретко заболување, што може да потрае со години пред да се дијагностицира и во моментов, нема лек за него.

„Често се поврзува со мускулни грчеви, кои можат да бидат доста тешки. Тие можат да предизвикаат падови, силна болка и значителен инвалидитет“, рече д-р Емил Сами Мухајбер од Центарот за синдром на вкочанета личност во „Џонс Хопкинс“, за Си-Ен-Ен.

Страшната вистина е дека болеста се манифестира на толку екстремни начини што некои луѓе со синдром на вкочанета личност, не можат ни сами да одат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Boîte à News (@la_boite_a_news)

Нејзината сестра, Клодет Дион (74), дала најнова изјава за локален медиум во Канада за актуелната состојба на здравјето на Селин, како што објави шпанска „Марка“.

„Уверена сум дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде затоа што е исклучително интелигентна жена, многу дарежлива и талентирана и исто така вљубена во животот“, рече Клодет за Селин.

„Наместо да плачам за нејзината судбина, се трудам да ѝ испратам позитивни вибрации со надеж дека еден ден ќе се врати на сцената. Јас навистина верувам во моќта на љубовта. И посакувам многу среќа, тоа е сигурно. Таа е опкружена со специјалисти додека работи да закрепне“.

 

Слични објави

„Сакам да бидете домаќини“: Марија Шерифовиќ им посака победа во Хрватска

Еспресо

Бејби Лазања го критикуваат поради знакот што го покажа на Евровизија: Откриено што се крие зад сето тоа

Еспресо

Ќе се изненадите: Колку пари добива победникот на Евровизија?

еспресо

Неделен хороскоп (од 13 до 19 мај): Одлично за Биковите, добри вести за Раковите, широка насмевка за Рибите

еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ на инфузија: Објави фотографија од луксузниот дом каде се лекува

еспресо

Астропрогноза за сабота, 11 мај: Пари за Овните, романтика за Близнаците

еспресо
Се вчитува....