32.8 C
Скопје
17:25 - 9 септември, 2026

„Се создаваат кланови, тоа е недозволиво!“: Цеца ја коментираше победата на Теја Дора, па откри дали Анастасија и Вељко се скарани

Популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ им замери на обожавателите на Анѓела Игњатовиќ Бресквица и Теја Дора затоа што се расправаат на социјалните мрежи по одржувањето на „Песна на Евровизија“ во Србија, каде победи Теја Дора со песната „Рамонда“.

Имено, иако Бресквица доби 12 поени од публиката, стручното жири не беше воодушевено од нејзината песна „Орлово гнездо“, поради што на крајот не победи.

Цеца будно го следела споменатиот фестивал и откри дека нејзиниот син и ќерка имаат различни мислења околу учесничките, но дека поради тоа не се скарани. Сепак таа не може да ги разбере бурните реакции на обожавателите на двете пејачки.

-Тоа меѓу нив не е конфликт, тоа е слобода на мислење, без навреди, без омраза кон другиот. Анастасија беше за Теја Дора, јас бев за Теја Дора и Бресквица, а Вељко за Бресквица. Кој и да победи, моето срце ќе беше на вистинското место. Вељко навистина беше за Бресквица, и тоа е сосема во ред – изјави Цеца за ТВ Блиц.

– Сега ги гледам овие социјални мрежи, апсолутно е неприфатливо, овие навреди, значи се едни против други, се создаваат кланови… Имате право да не ви се допаѓа песната. Мојот Вељко кажа дека е подобра песната од Бресквица, но никогаш не го навреди уметникот. На социјалните мрежи се создава негативна хистерија, па се навредуваат изведувачи, се прават теории на заговор… Фала богу, српскиот јазик е многу богат, незадоволството може да се изрази на пристоен начин, без да се навредува изведувачот кој ништо не криел од вас. Сите овие натпреварувачи се пријавија со желба да одат на Евровизија, тоа е апсолутно легитимно право на секој поединец и не знам зошто луѓето се раѓаат со такви изливи на омраза и гнев. Ќе навиваме за Теја Дора, како што ќе навивавме да одат и Бресквица, Зејна, другите натпреварувачи. Ѓорџи беше одличен според мене…- додаде пејачката.

Слични објави

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.
Се вчитува....