23:41 - 28 ноември, 2026

Се породи ќерката на Џеј Рамадановски: Еве како се вика новороденото девојче на Марија Рамадановски

Марија Рамадановски, ќерката на починатиот пејач Џеј Рамадановски, денеска се породи и роди девојче.

Марија се породила со царски рез и таа и нејзиниот сопруг Стефан Давидовиќ првпат се остварија во улогата на родители.

Инаку, Андријана Томаниќ, која последните 20 години ги помина со Џеј, откри како се чувствува Марија по породувањето.

– Пресреќна сум. Добредојде Миа. Честитки за мама Марија и тато Стефан. Среќно раѓање Миа – рекла таа.

Марија и Стефан веста дека чекаат девојче ја објавија на 4 февруари годинава, кога го дознаа полот на бебето, а во чест на тоа одржаа мала прослава само за најблиските пријатели, а дотогаш Марија успешно ја криеше бременоста од јавноста.

Тие се венчаа минатата година во Белград, а Марија го зеде презимето на својот сопруг. Свадбената прослава се одржа во ресторан, а Марија тогаш донесе одлука да го заигра првиот танц со својот сопруг на еден од најголемите хитови на нејзиниот татко, Џеј.

Инаку, ќерките на покојниот Џеј Рамадановски, Марија и Ана, го поддржаа проектот на Александар Радуловиќ Фута за „Џеј трибјут бенд“.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....