16:01 - 9 ноември, 2026

„Се селиме во Кина“: Милош Биковиќ ја откри причината за неговата одлука

Српскиот актер Милош Биковиќ, кој со години гради паралелна кариера во Србија и Русија, најави дека дел од следниот период ќе го помине во Кина.

Актерот ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека заедно со екипата на филмот „Црвена свила“ се селат во Кина, каде што ќе снимаат кадри за споменатиот филм.

Кадрите за филмот „Црвена свила“ кои требаше да се снимаат во Русија се завршени, а целата екипа наскоро ќе отпатува за Кина.

„Го завршивме рускиот дел од филмот „Црвена свила“ и сега се селиме во Кина. Ќе го зачиниме филмот со аромите и атмосферата на далечниот исток“, напиша Биковиќ на Инстаграм со фотографија од сет.

Инаку, во филмот „Црвена свила“, Биковиќ глуми руски империјален агент кој работи за Комунистичката партија на Русија.

– Ќе снимам филм во руско-кинеска копродукција, чие снимање е веќе започнато. Филмот се вика „Црвена свила“ и ќе се снима во Кина и Русија. Играм руски империјален агент кој работи за Комунистичката партија на Русија. Тој се обидува да им помогне на пребеганите Кинези од Комунистичката партија на Кина и да им ги спаси животите бидејќи сакаат да ги елиминираат – изјавил Милош за „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....