21:27 - 18 август, 2026

Мисицата Емилија Розман по страшната несреќа се огласи од болница: „Вие ќе си пишувате глупави коментари, а јас ќе го славам животот“

Поранешната Мис на Македонија, Емилија Розман, која е диполомиран дефектолог и една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас, вчера ги загрижи своите следбеници на социјалните мрежи поради фотографијата на која е во болница.
Розман била итно хоспитализирана, откако паднала и се повредила во Охрид.

Од фотографиите може да се забележи дека едната града и е преврзана а користи и дополнителна кислородна поддршка.

Сега, Розман се огласи и ја објасни ситуацијата. Имено, паднала од висина од седум метри и искршила 11 ребра.

„Во саботата вечер имав незгода, во Заливот на коските во Охрид, се лизнав, што од моја несмасност, што од лоша проценка на простор, за конструкцијата на оградата не можам да коментирам затоа што не сум компетентна, при што имав пад од околу седум метра и искршив 11 ребра. Притоа ми беше оштетен и белиот дроб и бев во најбрз можен рок префрлена од болницата свети Еразмо на Торакална Хирургија во Скопје. Не чувствувам потреба да се правдам некому зошто сум се сликала во болнички кревет, кој патем не се наоѓа во Вашиот двор, но поради тоа што имам голем број другари, пријатели, соработници и слично, најлесен начин да го објаснам моето неодговарање на повици е со една фотографија. Жал ми е што многу од Вас ги користат социјалните мрежи само за креирање на лажна слика за вашите „совршени“ животи, па сметам дека оттаму и Ви доаѓа потребата да давате коментари од типот на: Ааххх, се ќе направите за лајк и мајка ѝ ја барала таму.. Знам каде е мајка ми во секое време, како што знае и таа јас каде сум. Ама еве нешто што не знам е како може да сте толку злобни, сите ли имате израснато во дисфункционални семејства без родителска љубов, па Ве храни смеењето на туѓи несреќи? Немате ли видено ниедно совршено зајдисонце кое сте посакале да го фотографирате? Никогаш ли не сте го удриле малото прсте во ќошот од креветот? Не Ви паднало лепчето на намачканата страна? Амааа.. Кучињата ќе лаат, караванот ќе врви, Вие ќе си пишувате глупави коментари, а јас ќе го славам животот и втората шанса што Бог ми ја даде“, напиша Розман и додаде –

„Не можам ни да Ви опишам колку сум среќна, каков прекрасен живот имам и какви луѓе во него, буквално денес учам пак да одам и вриштам од болки, а бликам од среќа, ама сум искрена и реална личност која не се крие зад екранот зад глупави коментари, туку си живее, макар била ружна и поминала покрај мисица, ама еве сега ќе викнам студио за убавина, бидејќи во болнички кревет не е важно здравјето, туку како изгледате. Ај гитла таму, најдете си психијатар, земајте терапијата и одете учете емпатија и емоционална интелегинција“, напиша таа на „Фејсбук“.

Слични објави

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо

(Фото) По семејниот одмор во Египет — Сара Мејс запеа во розов фустан со пердуви во Крушево

Еспресо

Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо
Се вчитува....