15:08 - 8 ноември, 2026

Сандра Африка првпат отворено проговори за бременоста со Волков: Бев бремена, ми беше многу тешко

Пејачката Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, за првпат најде сила јавно да проговори за болни детали од нејзиниот приватен живот.

Таа сега се отвори за врската со фудбалерот Владимир Волков, а во таа прилика призна дека била бремена со спортистот.

– По врската со Микиша која траеше 10 години, го запознав Владимир и бевме заедно шест години – изјавила Африка во поткастот, признавајќи дека им требало време да се венчаат.

– Да, во еден момент сакав да се омажам за него. Од врска отидовме во без врска – изјави Африка, која во оваа прилика призна и дека била бремена со фудбалерот, за што тогаш медиумите шпекулираа:

– Точно е, не знам што кажал тој кога го прашале, но јас реков дека не е вистина. Многу ми беше тешко да зборувам за тоа и тогаш и сега – изјави Сандра.

Инаку, Сандра зборуваше и за врската со нејзиниот татко, а ги шокираше сите кога кажа дека татко ѝ ја истрижал косата ќелава.

– Можев да правам сè со мајка ми, само требаше да ѝ кажам каде сум и со кого сум, а на пример татко ми кога добив единица на училиште буквално ми ја скрати косата ќелава. Го немам видено со години. Од денот кога си замина, никогаш повеќе не се јави, не честиташе ниту еден роденден, ниту полнолетство. Кога рече дека му требаат околу 20 инјекции, сакав да му помогнам, иако не сакаше да го слушне тоа. Му ги дадов парите, но во тој момент сфатив дека ме лаже. Беше во тешка ситуација, но во тој момент не му требаа пари за тоа – рече таа со грутка во грлото.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....