8.8 C
Скопје
04:15 - 24 април, 2024

САЊА ЃОРЃЕВА- Dr. Goodnight СОВЕТУВА: Техники кои помагаат за брзо заспивање и водат до квалитетен сон

Спиењето е една од најфундаменталните и најосновни потреби на човекот. Ако човек не спие доволно, почнуваат да се случуваат ужасни работи со неговиот ум и тело.

Проблемот со спиењето е толку сериозен што Светската здравствена организација го опишала како „епидемија на недостаток од спиење“. Две третини од возрасните во развиените држави не ги добиваат потребните 8 часа сон. Оние кои можат да спијат навечер, не спијат доволно. Но со нашите зафатени животи, дали навистина сме ги заборавиле придобивките од спиењето?

– Кај повозрасните лица се соочуваме со подранет циркален ритам, оној кој ни помага да заспиеме навечер и да се разбудиме наутро, но кај возрасните самото тело им бара порано и порано заспивање. Се случува да заспиваат во 20 часот, а да станат во 4 наутро. Тука се јавува проблемот со неспиењето. – објаснува Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење.

Стресниот начин на живот многу ретко нè остава да му се насладиме на мирниот сон. Најчесто не можеме да заспиеме порано и наутро недостатокот на сон не прави нерасположени и уморени. Тоа се одразува и на физичкиот изглед и на нашата психа.

– Сите го поминуваме поголемиот дел од својот живот спиејќи – една третина од него – но тоа не ни гарантира дека сме добри во добивање на квалитетен одмор, нели? Знаете, голем број фактори придонесуваат за квалитетот на нашиот сон, такви како физичките вежби и рутина пред спиење, но и изложеноста на дневна светлина. Како функционира нашиот биолошки часовник? Светлината инхибира производство на мелатонин – хормонот кој вашето тело го лачи е истиот тој кој ве прави поспани. Затоа е подобро да се изложите на големо количество светлина во текот на денот. – објаснува Сања.

За луѓето кои по спиењето, најчесто по пладневните дремки, не се чувствуваат одморено и наспано, туку имаат потреба од уште повеќе сон, познавачите велат дека тоа е резултат на неурамнотеженоста на циклусите на спиење.

– Ние можеме да спиеме и 8 часа, но ако тоа е неквалитетно спиење со чести будења, едноставно утрото повторно сме уморени. Потребно е да се научиме да направиме одреден ритам на телото кое ќе му одговара, да се потрудиме да си легнеме и да се разбудиме во приближно време. Создадете вечерна и утринска рутина, ограничете ги електронските уреди, не гледајте го часовникот нека не ве ограничува времето, јадете четири часа пред спиење,  воспоставете ритуали пред спиење, создадете пријатна средина за спиење. Кога не спиеме доволно ноќе, природната реакција на телото е да надокнади преку ден, а тоа доведува до дремнување, затоа дремнете претпазливо. Ова се неколку промени кои би ви ги препорачала, без оглед на возраста и полот на личноста, овие навики можат да придонесат за подобрување на квалитетот на вашиот сон – објаснува Сања.

Повреќе научни истражувања потврдуваат дека во текот на 24 часа се неопходни квалитетен сон или најмалку 6ипол за човек да се чувствува наспано и одморено по будењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr.Goodnight (@drgoodnight.mk)

(РАЗГОВОР) САЊА ЃОРЃЕВА, ТРЕНЕР ЗА СПИЕЊЕ НА БЕБИЊА И ДЕЦА: Не нишкајте ги дечињата и не заспивајте ги со цицање!

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....