17.8 C
Скопје
16:55 - 20 април, 2024

Путин слуша само една жена, се вика Вера – дали надежта за мир е денес во нејзини раце?

Тaa има 88 години. Нејзиното име е Вера Дмитриевна Гуревич. Тaa е поранешнa учителкa по руски јазик. Име и професија како многу други…Но, дали таа може да биде клучната фигура што ќе му даде на светот надеж дека војната во Украина ќе заврши? Можеби, велат експертите. Затоа што Вера не е билокаква учителка. Таа беше учителката на Владимир Путин. И повеќе од учителка. Речиси помајка во тешкото детство на Путин. „Мајка“ која Путин во текот на годините неколкупати покажа дека ја слуша. И кој тогаш би можел да го убеди да се откаже од „специјалната воена операција“ ако не Вера?

принтскрин

Вера Дмитриевна Гуревич за време на школските години имала интензивна врска со рускиот претседател, пишуваат повеќе меѓународни медиуми. Таа била  фигура-мајка на младиот Путин кој се борел со психолошки трауми во детството. Таа го насочила, како учителка-мајка својот ученик-син, како да се оддалечи од сиромаштијата и како да зачекори кон образование и успех.

Двајцата постари браќа на Путин загинаа како деца додека нивниот роден град Ленинград (сега Санкт Петербург) беше опустошен од војна. Во истите години, мајката на Путин, Марија Ивановна, за малку ќе умрела од глад. Совладана од исцрпеност, преспивала меѓу купиштата трупови по улиците каде ќе останала до нејзиното будење, наоѓајќи се опкружена со тела на мртви мажи, жени и деца. Во деновите на детството на идниот претседател, неговите родители живееле во студен стан во зграда преполна со паразити.

принтскрин

Во своите мемоари за Путин, Гуревич раскажува како група деца насилници имале „лошо влијание“ врз младиот Владимир. Наставничката откри дека на училиште, Путин бил „многу буден, немирен, со наплив на енергија. Тој не можеше да седи мирен. И секогаш беше подготвен да се бори за тоа што го сака, ако треба“.

Во септември 1964 година, Вера ја посетила зградата во која живеел тогаш 11-годишниот Путин. Сфатила дека малото момче живее само, цел ден без родителски надзор. Наставничката го поттикнала на размислување: „Престани да бидеш скитник, зафати се со училиштето“, го советувала. Путин одговорил дека „може да ги заврши сите домашни задачи во рок од еден час“, доколку сака.

Гуревич, заедно со џудо инструкторот и ментор на Путин, Анатолиј Рахлин, станале двете родителски фигури кои му биле потребни на момчето. Откако пораснал, никогаш незаборавил што тие двајца направија за него.

Путин, кој сега има 69 години, изгледа решен по секоја цена да продолжи напред со своите планови за Украина. Некои пријатели ја молат неговата наводна љубовница Алина Кабаева да го убеди да го прекине конфликтот, но безуспешно. Дали неговата поранешна учителка и животен водич може да биде одговорот што светот го бара?

Путин, за чие здравје се шират сè позагрижувачки гласини, своевремено призна дека сè уште ја слуша г-ѓа Гуревич. Двајцата беа фотографирани заедно низ годините, честопати во силна прегратка. Силата на нивната врска е непобитна, но колку навистина жената има влијание врз претседателот денес?

Слични објави

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Еспресо

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо
Се вчитува....